logo
logo
logo

Чоколаден колач кој им успева на сите, а е ПРЕВКУСЕН

Vecer | 15.12.2022

Чоколаден колач кој им успева на сите, а е ПРЕВКУСЕН

Оваа мека чоколадна торта е апсолутен хит, бидејќи не само што е вкусна, туку и многу лесна за подготовка. Може да ја направи буквално секој, а се што треба да направите е да ги измешате состојките и да ги истурите во калапот. Никој не може да одолее на чоколадна торта, а тоа е одлично новогодишно задоволство, особено ако сакате да импресионирате некого.

Потребни состојки:

- 2 чаши брашно

- 2 чаши шеќер

- 1/4 шолја какао

- чоколадни трошки

- 1 лажичка прашок за печиво

- 1 лажичка сол

- 2 лажички сода бикарбона

- 1 чаша млеко

- 1 чаша топла вода

- 1/4 чаша стопен путер

- 1 лажица екстракт од ванила

- 3 јајца

Начин на приготвување: Во сад измешајте ги просеаното брашно и какаото, па додадете ги шеќерот, солта, прашокот за печиво, сода бикарбоната, чоколадните трошки, водата и млекото. Добро измешајте, па додадете ги растопениот путер, ванилата и јајцата. Добро соединете. Потоа истурете ја смесата во подмачканиот калап и малку протресете за убаво да се распореди. Се пече на 200 степени околу 45 минути. Користете чепкалка за заби за да проверите дали е подготвена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk