logo
logo
logo

Брза и лесна техника, а ќе изгледаат СВЕТСКИ: Еве како да ги декорирате велигденските јајца

Vecer | 28.04.2021

Брза и лесна техника, а ќе изгледаат СВЕТСКИ: Еве како да ги декорирате велигденските јајца

Техниката „декупаж“ е една од најефектните, но воедно и наједноставните техники за декорирање на велигденските јајца , а доколку не сте ја испробале досега, оваа година е вистинско време да го направите тоа.

Од материјали за „декупаж“ ви се потребни:

- белка од јајце

- ножици

- шарени салфетки

- четкичка за премачкување

Не ви се потребни дури ниту лепак ни бои. За декорација ќе ви биде потребен само еден слој салфета, оној на кој е мотивот кој сакате да го пресликате на јајцата.

Постапка:

Премачкајте го свареното јајце со белка и залепете го мотивот од салфетата кој го сакате. Потоа, повторно премачкајте со белка и оставете да се исуши.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=JXNJipLOOs0&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk