logo
logo
logo

Брза ЧОКОЛАДНА торта од микробранова

Vecer | 11.03.2021

Брза ЧОКОЛАДНА торта од микробранова

Потребни состојки:

  • ¼ чаша брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1 јајце
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици масло

Начин на приготвување: Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот и какаото. Измешајте ги убаво. Потоа во садот додајте ги млекото, јајцето и маслото, и добро измешајте ја смесата за да се изедначат состојките. Чоколадната смеса ставете ја во намрсен керамички сад, а потоа печете ја во микробранова печка за време од 3 до 4 минути. Чоколадната торта извадете ја од микробрановата печка и проверете дали е печена со помош на чепкалка. Потоа, извадете ја од керамичкиот сад и ставете ја на чинија за служење. По желба печената чоколадна торта за 5 минути премачкајте ја со растопено чоколадо, мармалад, чоколаден прелив или наросете ја со шеќер во прав.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Ek9WBpxkWmA&t=1s[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk