logo
logo
logo

Брз и евтин колач за целото семејство

Vecer | 22.11.2022

Брз и евтин колач за целото семејство

Меката и воздушеста штрудла е деликатес кој многумина го обожаваат. Се прави едноставно, а притоа и не е скапа.

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 1 чаша бело кафе,
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша зејтин
  • 1 чаша млака вода
  • квасец
  • 1 кг брашно

Начин на приготвување: Рендани јаболка, џем, мелени ореви. Во млака вода растопете половина коцка сув квасец. Јајцето, шеќерот, зејтинот, млекото, растопениот квасец и измешајте ги, па додадете го и брашното. Изедначете го тестото  и оставете го да надојде. Кога ќе нарасне измешајте го уште еднаш и потоа оставете го уште еднаш да нарасне. Кога ќе биде спремно на подлогата за месење нанесете го брашното за тестото да се размеси и подели на пет до шест кори (зависи дали сакате помали или поголеми штрудли). Секоја кора расукајте ја со сукало да биде со дебелина помалку од еден прст. Одозгора посипете со рендано јаблко (четири се доволни, може да додадете шеќер, но и не мора, се зависи од вкусот), па завиткајте во штрудла. Така завитката ставете ја во подмачкан плех. Кога ќе ги наредите сите штрудли, повторно почекајте малку да нараснат, па плехот ставете го во рерна загреана и печете на 180 степени. Кога убаво ќе се зарумени штрудлата, но  и нејзините краеви печена е (обично потребни се околу 20 до 30 минути). Извадете ја и покријте ја да се олади, како и секое печено тесто. Можете ја послужите сечена и со шеќер во прав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk