logo
logo
logo

Американски палачинки со ВИТАМИНКА мармалад од вишна

Vecer | 27.02.2022

Американски палачинки со ВИТАМИНКА мармалад од вишна

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца

1 шоља за чај со брашно

1 прашок за пециво

1 шоља млеко

1/2 шолја чај

1 парче банана

Зејтин Брилијант

Сол

Американските палачинки се оние мали и меки палачинки, кои по изглед и вкус се сосема различни од класичните палачинки.

Тие се многу погусти и посочни и се одличен избор за доручек.

Американските палачинки се многу полесни за подготовка и посоодветни за почетниците готвачи, бидејќи не се потребни посебни вештини.

Многу слатки, американски палачинки се идеја за уште една опција за вкусен појадок кој ќе ги воодушеви сите дома.

Првиот чекор во рецептот за американски палачинки е изборот и подготовката на производите.

Јајцата треба да бидат на собна температура, а брашното да се просее заедно со прашокот за пециво. Одделете ги жолчките од белките и изматете ги посебно.

На изматените жолчки се додава малку по малку брашното со прашокот за пециво, како и млекото додека не се добие хомогена смеса. Темелно изматете ги белките со солта.

Измешајте ги двете смеси, па со вилушка или притиснете ја испасираната банана.

Загрејте тавче, намачкајте со Брилијант маслиново масло, а потоа истурете малку од смесата за палачинки (со лажичка, на пример) и испечете ги рамномерно од двете страни додека не добиете златен тен.

Послужете ги палачинките со мармалад од вишни од Витаминка. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk