logo
logo
logo

Крцкава коричка, течна средина - ТОЧЕН РЕЦЕПТ ЗА ЛАВА КОЛАЧ

Vecer | 21.04.2026

Крцкава коричка, течна средина - ТОЧЕН РЕЦЕПТ ЗА ЛАВА КОЛАЧ

Лава-колачот (чоколадно суфле) е брз и ефектен десерт со мека коричка и течна чоколадна средина. Идеален е кога сакате нешто топло, чоколадно и готово за помалку од 20 минути.

Состојки:
  • 150-200 г чоколадо за готвење
  • 125 г путер или маргарин
  • 4 јајца
  • 50-120 г шеќер (по вкус)
  • 50-100 г брашно (меко)
  • 1 кесичка ванилин шеќер (опционо)
  • прстофат сол
Приготвување:

На тивок оган или на пареа, стопете ги чоколадото и путерот. Мешајте додека добиете мазна смеса, па оставете ја кратко да се олади.

Матете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека станат светли и пенести. Полека додавајте го стопеното чоколадо, со непрекинато мешање. Во смесата додајте брашно и прстофат сол. Мешајте внимателно додека добиете изедначена смеса, без грутки.

Премачкајте калапи (керамички или силиконски) со путер и посипете ги со брашно. Распоредете ја смесата рамномерно во калапите.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови. Печете 7-10 минути за поизразена течна средина или до 12 минути за малку поцврста структура. Рабовите треба да се печени, а средината мека.

Послужете веднаш, додека колачот уште е топол. Најдобро оди со сладолед од ванила или малку шеќер во прав.

Смесата можете да ја приготвите однапред и да ја чувате во фрижидер до 2 дена. Пред печење само извадете ја и префрлете ја во калапи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk