logo
logo
logo

Томиќ

Среќен Божиќ Европо, сега ти си на потег

Vecer | 23.12.2022

Среќен Божиќ Европо, сега ти си на потег

Минатата година, пред крај на годината, или на почетокот на прославата на католичкиот Божиќ, ти се обрaтив драга моја Европо, како и да е, за многу години денот!

Не можам, а да не си спомнам за хипокризијата која ја има во овој свет, кон многу народи во светот и секако кон мојата Македонија и мојот македонски народ, кои во контуниутет не можат да кренат глава од многубројните неправди, условувања наметнати и спроведени од големата Европа и светот!

Кому му пречи државата Македонија, Македонскиот народ, Македонската Православна Црква?

Драга Европо, ќе си ги спомнам моите другари и чеда македонски, Борче, Тоше и Сашо кои ќе речат:

" Нашата цивилизација патем четврта по ред досега нема одговор на 2 суштински прашања :

1.Од каде доаѓаме?

2.Каде одиме?

Глобалниот интерес за Македонија посебно од современите големи сили е во конотација на барањето на одговори не двете неодговорени прашања посебно на првото.

Во овој контекст е и прашањето за ДНК на Македонците.

Езотериците сметаат дека комплетното декодирање на македонската ДНК сериозно ќе помогне да се одговори на погореспоменатите прашања...

Ете, ова се нивни пораки драга, моја Европо, сублимирани во едно, или кажано, патоказ и печат за Македонија, МАКЕДОНСКИОТ КОД кој не смее и не треба, никој да, го потценува, уценува и негира, заедно со Коефициент на интелигенцијата!

Го слушам францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бoмгартнер, на радио Слободна Европа:

“Доколку по скрининг процесот македонскиот Устав не е ревидиран, процесот на европска интеграција моментално ќе биде запрен!“

Ова ултимативно француско обраќање, европски манир ли е?

Каде е тука француското достоинство и хуманост?

Зарем Франција заборава дека Македонија е суверена и самостојна држава, меѓународно призната од повеќе од 145 држави во светот, меѓу кои е пријателска Франција?

Уставот е свето писмо на една држава и еден народ, па и за една Франција!

Македонското барање за полноправна членка на ЕУ се легитимни и заслужени.

Но, начинот на кој ни се наметнуваат вакви насилни методи како со Договорот од Нивице и Договорот со Софија, пред се’, не се европски вредности.

Ние треба да говориме за економски развој, за странски инвестиции, за владеење на правото, борба против корупцијата и организираниот криминал!

А, криминалот во метастаза го има во сите пори на општеството, во судството, обвинителството, владата, собранието, насекаде.

Нашиот стратешки партнер САД инвестира милиони долари во едукација за ефективност на политичкиот систем, но и покрај се’, криминалот во власта, правосудствотото и обвинителството царува.

За жал, овој став на францускиот амбасадор во Македониа доаѓа по изјавата на амбасадорот на ЕУ, Давид Гир кој, исто така, рече дека Македонија е на крстопат - мора да избере дали ќе се движи напред, одлучно да се справува со корупцијата или ќе дозволи шемите на корупција да се вкоренуваат уште повеќе.

За потсетување истиот амбасадор Гир додаде: “Убавите зборови не се доволни за борба против корупцијата!“

Американската амбасадорка Анџела Агелер заедно со тимот на Стејт Департментот побараа конкретни резултати во решавањето и казнивоста на криминалот и криминалците во Македонија.

За жал, Владата на Ковачевски по народната “Држте го крадецот!“

Е, па, почитувани дами и господа, преставници на Запад или која и да е земја, оваа држава има име, името и’ е Македонија!

На Тиранскиот Самит на Европската Унија одржан на почетокот на декември 2022 година, земјите од Западен Балкан разговараа за заедничко решавање на последиците од руската инвазија на Украина, за интензивирање на политичкиот дијалог и политиката на проширување, за зајакнувањето на безбедноста и градењето отпор на странското мешање, за решавањето на предизвиците што ги носи миграцијата, борбата против тероризмот и организираниот криминал.

И на крај донесоа Декларација. Самитот уследи два месеци по неформалниот самит на земјите од Европската политичка унија во Прага, на кој учествуваа сите европски земји освен Русија и Белорусија.

Во Тиранската декларација се предупредува дека ескалацијата на агресивната војна на Русија против Украина го загрозува европскиот и глобалниот мир и безбедност и ја нагласува важноста на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан, потврдувајќи ја неговата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ.

Во Тиранската декларација се бара усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (ЗНБП) и дејствување во согласност со неа, вклучително и во однос на рестриктивните мерки на ЕУ.

Оние партнери од Западен Балкан кои веќе ја покажуваат својата стратешка определба во овој поглед, со целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се пофалени, а оние кои не го сториле тоа се охрабруваат да го следат примерот. Самитот за првпат се одржува во регионот на Западен Балкан.

Заврши епохата на “додворување“ на Западот!

ЕУ мора да донесе стратешки одлуки за проширувањето и временска рамка на проширувањето. Недефинираната позиција на земјите од Западен Балкан ги оддалечува од ЕУ и дополнително произведува одредени фрустрации.

Светскиот поредок каков што го знаевме повеќе не постои. Француско-германската оска во ЕУ како што ја знаеме, исто така, не постои. Моќта се движи од Запад кон Исток. Повеќе не постои монополарен, туку полицентричен свет со сложени и испреплетени интереси.

Светот е во големи геополитички превирања и потреси. ЕУ не смее да се гледа себеси од позиција на евроцентризам, бидејќи ерата на “додворување“ на Западот заврши. Секоја земја ја води својата политика во согласност со нејзините интереси и на маса има различни понуди и решенија за својата иднина.

ЕУ веќе не е единствената понуда и решение на менито на земјите од Западен Балкан.

Еве дојде и празникот кој сите треба да не зближи и отрезни од лоши варијанти на непристојни предлози.

Мене како православен христијанин кој си ја сака премногу својата црква држава и семејство не ми преостанува ништо друго туку да ви посакам на сите пријатели во ЕУ и САД и насекаде каде ве имаме како македонски пријатели како празнична честитка по повод престојниот Божик особено на пријателите политичари на Европа, а за доброто на Македонија.

Македонија и Македонците секогаш преставуваа своевиден џубокс на ЕУ и останатите, односно им ги исполнуваа желбите на големите сили.

Така и овојпат Македонија и Макеонците посакуваат за Божик од ЕУ, односно од францускиот претседател Емануел Макрон како што и посака в.д.претседателот на партијата Алијанса на Албанците Таравари: Да запре именувањето на Димовски за амбасадор, ако сепак се именува - Франција да го одбие.

Според доктор Таравари, Виктор Димовски е неподобен и недостоен кандидат за да врши дипломатски функции и да ја претставува земјата, и тоа, поради многу причини.

Како директор на Агенцијата за национална безбедност, Димовски е препознатлив по издавањето на безбедносни сертификати на корумпирани лица кои се под истрага.

Исто така, втора желба на Македонија и Македонците по род и државјанство:

"Ниту Макрон, францускиот претседател, ниту германскиот канцелар Олаф Шолц, да, не дојдат во Македонија да вршат “притисок“ за уставни измени.“

Сигурно ја научија лекција дека тоа не ниту европски ниту хумано, а пред се’, не е по меѓународно право во кое владее теоријата на реал политика, треба, да, преовладува рациото за бон-тон во меѓународното право и наместо насилно менување и отварање на устав на една суверена дежава, да се позанимават повеќе со плеј мејкерите на криминалот, корупцијата, односно се спроведат реформите кои ќе го подобрат животот на луѓето.

Успешен реформски процес значи подобра правна држава, потиснување на корупцијата, поголема транспарентност во јавната администрација, вклучително и при доделувањето на позициите, почиста животна средина благодарение на сукцесивно воведување на европските норми итн.

Третата желба, драга моја Европо, секако ти е од мое лично име и името на сите Македонци по род и државјанство, да не продолжувате и натаму да не самобришете од картата на народите и Атласот на светот, како држава во асистенција на октроираната или хибридна коалиција, Влада и Собрание. Како ги донесовте со “обоената револуција“, така да ги вратите назад.

Но, овојпат според правните норми и правила, пред лицето на правдата, бидејќи како што самите кажувате, во Македонија има најголем криминал и корупција!

Со еден збор, слушнете ја јавноста и мислењата на сиромаштијата и народот кои се колетерална штета и жртви на немилосрдната криминализација во политиката и сиот порив на животот во изминатите 6 години се грижеа само за своите задници и семејства. Според мене има такви кадри во СДСМ! Видовте Заев, создаде империја и капитал за генерации генерации сега Фондација Едно општествио за сите, не е за сите едно општество за Заеви и останати околу него,а на штета на народот и Македонија! Ова се лелеците на народот,кој е обезглавен и немоќен да се спротивстави, но како и да е сиромаштијата ,немаштијата,јадот,чемерот и девалвацијата по дигниѕтетот на народот си го прават своето.Да ќе се случи народ!

Не велиме дека и порано немало, тоа постои од 8-ми септември 1991 до денес, но кулминацијата е во последните 6 години, со тројката Заев-Ахмети-Ковачевски! Да, потсетам последната анкета на, престижниот пул IRI, каде јасно говори каков е рејтингот на, СДСМ, ДУИ ДПМНЕ и останатите, каде коалицијата СДСМ ДУИ дефинитивно покажуваат разочарување од народот, додека опозицијата со повисок рејтинг!

Рејтингот не се билдува со, корупција, криминал и се лошо по здравјето, и опстанокот на кој секојднево народот тоне во страв, стрес и сиромаштија! Нема анкета на која води Ковачевски и СДСМ, државата оди во погрешна насока, граѓаните бараат избори.

Имено, дури 58 проценти од испитаниците сметаат дека со СДСМ и Ковачевски државата се движи во погрешна насока.

Најпоразително за Ковачевски и СДСМ е тоа што дури 31 процент од граѓаните одговориле дека најголем проблем се високите цени, додека пак 29 проценти одговориле дека најголем проблем е сиромаштијата и нискиот животен стандард. 25 проценти од испитаниците се загрижени од економската ситуација, додека пак 21 процент од граѓаните сметаат дека ниските плати и пензии и нивното неисплаќање се главен проблем во државата.

Мнозинството од испитаниците односно високи 53 проценти сметаат дека македонската економија ќе се влоши, додека пак 53 проценти од анектираните граѓани одговориле дека нивниот квалитет на живот опаднал. И во делот на правосудството, анкетата покажува лоши резултати, односно само 4 проценти од испитаните граѓани им веруваат на правосудните органи.

Македонија ,мора да се помири,и обедини,а таква надеж дава новата Граѓанска иницијатива на Максим Димитриевски, актуелен градоначалник во Куманово.

Политичар кој признава грев,и бара прошка ,а и одговорност.Тоа е ретко во овие 32 години, плурална Македонија,затоа вакви политичари Македонија мора да има повеќе.Димитриевки, ме потсетува на Ралф Недер претседател на зелената партија во САД кој стана јазичето на вагата на мерење на гласовите во државата зад Големата Бара, САД без чији гласови нема победник во САД, затоа Македонија мора веднаш да има свои Ралф Недер или ј автетнтичен Третт пат политички блок во вистинска смисла на зборот.

Максим ,како поранешен социјалдемократ ќе создаде услови да се „проветери СДСМ и ослободи од ,,султани,, и егзибиционисти кои мислат само за себе и своите задници на сметка на распродажбата на националните вредности на Македонија,а во чекор го следи и неговото второ полувреме Ковачевски ,кој без мува да го лази ќе изјави дека неговата сопруга има право по устав да се занимава со бизнис и таа со ,,спечелените ,, евра се пушти во бизнис со фотоволтајци и ..печали,, тргувајќи со електрична енергија, и тоа во ова енергетска криза?!

Ало, дали е нормално ова? Кој кого прави,,нездрав,,слеп и ќурки и ќурани?! Тие нас или самите себе си?!

Сопруга е дефинитивно параван и не смее да има конфликт на интереси додека второто полувреме е наметнат премиер Ковачевски ја игра оваа „фудбалска утакмица“,а се знае кој е резулатот за Македонија? Бришење од картата на светот!

Дефнитивно оваа драга моја Европо, е дно на дното! Има, ли уште некое дно на оваа дно?!

Затоа ВЕДНАШ ,Европо соберете ги ,,штетниците,, кои ни ги донесовте со обоената револуција,во крик порачува народот!

Од друга страна претсдеателот Пендаровски на неговото годишно обраќање пред македонскиот парамент ќе порача: „НЕМА ДА ИМА ПРАВДА СЀ ДОДЕКА НЕ ВИДИМЕ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ ВО ЗАТВОР, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ВО СОБРАНИЕТО“

Да, претседателе се согласувам, но ќе прашам, ќе имаме правда и мир и кога ќе ги видиме злосторниците ,криминалците ,предавниците и одродниците пред лицето на правда - затвор, кои во изминатите 6 години сторија најголеми злосторства и предавства во историјата на човештвото како што е во Македонија во моментов?!

Го изгубивме чувството на национална припаност, дигнитет, и човекољубие,а пред се македонизам! Затоа, со нас се однесуваат така „пријателите“ од Запад ,Исток и другите страни на светот, оти го изгубивте вие политичарите компасот на македонската самобитност,посебност и државност! Вие ги ставивте на ,,панаѓур“сите македонски национални вредности!

Анкети не се порачуваат и нарачуваат како и лидери,премиери и претседатели, тие извираат од народот и живеат за народот и Македонија и Македонците по род и државјанство, а не со „топ тан политика дипломатија или салама“ тактика како што милуваше да истакне поранешниот министер за надворешни работи или еден од ,,холандската тројка,, која учествуваше во „преврат на поранешниот диктаторски режим на Груевски“, како милуваат аналитичарите да го артикулираат овој сплет на настани!

Драга Европо, не сакам да звучи навивачки оваа писмо до тебе, но тоа е вистината и јавното мислење, спроведено од референтната ИРИ,а таа додава: И во делот на правосудството, анкетата покажува лоши резултати, односно само 4 проценти од испитаните граѓани им веруваат на правосудните органи.

Со вакви катастрофални политики рејтингот на Ковачевски и СДСМ се ближи кон нула, и токму затоа бегаат од предвремени парламентарни избори.

Затоа веднаш нови и брзи и фер парламентарни избори!

Да се слушне гласот и вољата на народот!

Ете тоа се желбите на Македонија и Македонците по род и државјанство до ЕУ, па затоа:

Среќен Божиќ Европо, сега ти си на потег!

Merry Christmas Europe, It’s your movw nownow you're on your way!

Слободан Томиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk