logo
logo
logo

Агим Јонуз

Со онакво у руки право у кампања

Vecer | 30.09.2021

Со онакво у руки право у кампања

Кога вошкараана прави избори, најмногу ќар имаат берберите ( читај ПР агенциите). Зборот ‘‘вошкараана има повеќе значења. Фантастичен епитет за фаци кои кога се гледаат у огледало мислат дека се кој знае кој, дека се паметни и дека без нив општествово ќе пропадне И коте и моте, и Асан и Масан се дало на избори. Па и јас! Е, што зашто да бидам покус. Велат ‘‘ куд сви турци, ту и голи Хасан‘‘.

Една работа е сигурна а тоа е ‘‘ бар сам у тренду‘‘! Да,..да! Еве и ја сум дел од таа ‘‘вошкараана‘‘! Фала, молим!

Да се нашегуваме на почетокот. Шетам по град и гледам на сите билборди ликовите се толку многу ‘‘фотошопирани‘‘, што изгладаат исто како Св Ѓоргија кај и да е нацртан. У живо да ги видиш ликовите усвет да фатиш. Барем дел од нив де.

Кампањата одмна почна и одамна се прекршија правилата за фер избори, ама што и да кажеш е лаење во празно. Владее тежок хаос во етерот. Не знаеш кој сурат што ветува, а ти додека го гледаш на глас у сред соба се дереш ‘‘ ма дај не сери‘‘! Многу измешани работи. Непринципиелни коалиции, независни ‘‘Исуси спасители‘‘, ситни партии у кои има понекој паметен човек и 90% стадо, поединци кои сметаат дека ќе го сменат светот и шоумени.

Е изродија многумина кои немаат никаков смисол за тимска игра и заеднички фронт. Што сакам да кажам. Една огромна плејада сака да се спротивстави на султанатитее, ама не сака да биде во некој заеднички батаљон што ке смени нешта, туку сака самостојно да биде Крале Марко. Затоа имаме многу независни кандидати, независни листи и залутани трубадури кои сметаат дека се ‘‘ најлепши и најбољи‘‘. Така не се руши султанат.

Не се кршат правила! Правило е дека нема правила. Нема што да се крши.

По кој знае кој пат на избори во Македонија најквалитетниот капацитет останува дома во папучи. Како!? Едноставно. Султанатите нафатирани со огромна сума на пари кој ‘‘ бај д‘ веј‘‘ се народни, не се симињаат од медиумите ( чесно платено додуша, ама со мои пари) и перат ли перат мозак на народ дека не постои поинаков пат и избор од нивниот. Од друга страна, плејада ликови кои сакаат да ги бутнат се тешка вошкараана која нема пари за кампања, па лае како куче зад контејнер небаре некој ке каже ‘‘ ооо‘ фала богу што те има‘‘!

Од една страна големите пари на султанатите, а од друга страна комплексите на независните и мали партии во кои има поединци со ‘‘его‘‘ како планина имаат проста формула во која на крај победува повторно оној кој добро ке плати, а соодветно на тоа и ке клати.

Огромниот број на вон султанатски партии и поединци, ‘‘ позади завеса‘‘ у суштина играат за султанатите. Како прво, свесни дека се клошараана без пари и можност за промоција, од друга страна со ‘‘ отворен газ ко бунар‘‘ да бидат во играта, на крај сепак ке биде ‘‘Џандар збира‘‘. Ви текнуе!? Не!

Еве вака! Пример! Имаш независен кандидат кој за својата кампања не знам што да е па пак не може да ги покрие трошоците. Од друга страна, имаш султанати кои играат на сигурна карта па си викаат ‘‘ ем народ ќе гласа за партијата, ем масата гласови на независниот‘‘, така да таа комбинација кај што е курнаска, толку е и паметна. Арно ама! Ако некоја партија подржува ‘‘независен‘‘ а тој не се симиња од медиуми, тогаш се поставува прашањето ‘‘ алоо чиј пари се арчат тука и за кого‘‘? Луд јебо збуњеног! По ‘‘ шибицарска комби нација ‘‘ јак Гиго у шупа‘‘!

Шилегов си се курчи ко да е Скопје на татко му и како да се што е направено во најмала рака го направил со пари извадени од негов џеб! Ало дечко, па ти ме јебеш за мои пари! Да! Мои, народски! Толку е сигурен во себе до ниво на ерекција кога сегледа у огледало. Ерекцијата е минлива работа.

После едно време, во животот доашаат периоди кога можеш и ‘‘ едвај еднаш‘‘! Скопје и Македонија се раскопани за да види народ дека татковците нешто работат. Поголемо ебење у мозак имало само кога Стаљин ќе зинел да каже и оправда нешто.

И така се создава слика која е како да ја цртал ‘‘ Црни Груја‘‘! Од една страна триумвират од султанати кои у сите комбинации ке испаднат ‘‘ќарлии‘‘, а од друга страна една маса политичка и интелектуална ‘‘ клошараана‘‘ која после се ќе резимираат имаат ли нешто ‘‘ за продавање на тезга‘‘ или немаат.

Во секој случај овие вториве пак после се ‘‘ ќе одат да пушат‘‘ кај големите за некое работно место или привилегија.

Од друга страна, ‘‘мерењето муда‘‘ меѓу големите партии на овие избори ќе биде индикатор за тоа идеме ли одма на парламентарни избори на пролет, или ќе играме ‘‘ сана-бана‘‘ уште едно време. Паралелно, на оваа огромна маса независни, зависни и мали партии ќе им биде поука дали да продолжат да бидат ‘‘зависно независни‘‘, дали да се вратат у филмот ‘‘ еве ти мој газ за парламентарни избори‘‘, или да се освести конечно дека само сериозен фронт, а не поединачно се менува стварноста.

Кампањава е све ‘‘ иље до иље‘‘, таман си посочил дека некој игра со иље, уште дваесет околу тебе се појавуваат. Стана безвредно да се бркаат вештерки. Ги има толку многу што ако мислиш дека ќе ги расчистиш си се заебал. Сакал нејќел ќе станеш и ти вештер/ка!

Македонија одамна не е ‘‘ држава‘‘ ( фигуративно). Канцерогеното ткиво е толку големо што колку и да сечеш и да санираш, останува огромно ткиво. У сериозна говна сме!

Трагично е една држава да функционира по системот ‘‘ глеј си свој газ и ќути‘‘. Ако можеш нешто да ‘‘закољеш‘‘ зимај и бегај. Трагично е што на сите оние кои побегнаа од државата, само им удираме печат ‘‘ич‘‘ да не се враќаат. Ние бездруго уште долго ‘‘ќесибеме мајката‘‘ овдека у оваа септичка јама.

Што би рекол еден мој пријател, им се извинувам на децата во име на мојата генерација. Ние ја ебавме работата. Не се покажавме на време како треба. Паднавме на испит.

Требаше одамна некому и некаде да му ебеме матер!

Вака,.. самите себе си сибавме!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk