logo
logo
logo

Томиќ

Последното танго во Париз

Vecer | 02.07.2022

Последното танго во Париз

Според, Хенри Кисинџер, рамнотежата на моќта најдобро функционира ако е исполнет барем еден од следниве услови:

Прво, секоја нација мора да се чувствува слободно да се усогласи со било која друга држава, во зависност од околностите во моментот;

Второ, кога има фиксни сојузи, балансерот се грижи ниту една од постојните коалиции да не стане доминантна; и

Трето, кога има ригидни сојузи и не постои балансерот, но кохезијата на сојузите е релативно ниска, така што, за било кое прашање, или има компромиси или промени во усогласувањето. Кога ниту еден од овие услови не преовладува, дипломатијата станува ригидна.

Се развива игра со нулта сума во која секоја добивка на едната страна е замислена како загуба за другата. Имајќи ги предвид условите на Кисинџер за просперитетна и меѓународно важна ЕУ, треба да се исполни барем еден од трите услови за функционирање на рамнотежата на силите меѓу членките на ЕУ.

Таквата Европска Унија би била унисоно, наместо ЕУ во две брзини.

По кој пат ја вози францускиот претседател Емануел Макрон, денес Европската Унија?

Видовме како беше приемот на Бугарија во Европската Унија во 2007 година. Други беа интересите, но Бугарија и по 15 години кралица на корупцијата, организираниот криминал, непочитувањето на човековите и малцинските права, партизирана во сите сфери на општествено-политичкиот амбиент.

Ако денот по утрото се познава, веќе одамна на Македонија и’ падна мрак пред нејзиниот пат и патоказ кон ЕУ!

Македонија даде најголема жртва за нејзините евро-атлантски интеграции уште од осамостојувањето: Смени име и идентитет! Автогеноцид!

Ни се случија многу “игранки“ кои беа проследени по нотите на ѕвецкањето на оружјето и татнежот на бомбите богати со осиромашен ураниум 238 за време на косовската криза или војната во СР Југославија.

Тогаш Македонија беше искористена во целост како “катапулт“ за користење на воздушниот простор, доведувајќи го во опасност животот на целиот Македонски народ. Примивме 500.000 Косовари и добивме 100.000 заболени од канцер во Македонија...

Прашање за 1 милион долари : Зошто,гарнитурата на та политика пред да го стори тоа, не се догоори,и побара безусловно целосно членство во НАТО и полноправно членство во ЕУ?

Потоа следеше октроираниот Рамковен договор од 2001, на крај Преспанскиот договор 2018. Дали ЕУ смета дека Македонскиот народ е недоветен и изгубен во просторот да не знае што сака и што треба да добие?

Да, Македонците, по род и државјанство, заслужуваат безусловно уште вчера, да стане полноправна земја на НАТО и ЕУ, а не сега и порај Преспанскиот документ кој требаше да биде гарант и обврска Македонија веднаш по средбата во Нивице 2018 да добие датум за преговори за полноправно членство во Европската Унија.

Прашање за 1 милион долари: Зошто,гарнитурата на та политика предводена од Зоран Заев и дружината од амстердамската ТРОЈКА пред да го сторат тоа, не се догоорија ,и побараа безусловно целосно членство во НАТО и полноправно членство во ЕУ?

Македонија има остварено најмногу во делот на хармонизацијата се европското законодавство, од која и да е земја на Балкан, а кои веќе ги започнаа преговорите со ЕУ.

Се’ што не видовме и се изнаслушавме во овие 20 години, мислам на непристојни предлози само да стане членка на НАТО и ЕУ.

Македонија 17 години беше позитивно оценувана од Алијансата во делот на спроведувањето на Акциониот план, учествувавме во мировните мисии на НАТО со своја војска во однос 1 спрема 10 повеќе од една Грција која е полноправна членка на НАТО!

Заклучок: Значи, Македонија си го заслужи полноправното членство во НАТО, без потреба да го смени уставното име и се останато! Нели?

Колку за потсетување и незаборав, се сеќавате како се однесуваше поранешниот француски престедател Саркози?

Како сочно и храбро застана зад Грција во делот околу прашањето за името?

Имено, во тоа врема Саркози несериозно или скандалозно изјави: Да, застанувам на страната на Грција, едноставно затоа што мојот дедо беше голем трговец на маслинки во Солун! Оваа скандалозна изјава ја пренесуваа медиумите.

Ете, до каде отиде дипломатијата и политиката, дури и француската.

Впрочем, свежа е изјавата на убиениот либиски претседател Моамер Гадафи за уцените од францускиот претседател Саркози за милионски спонзорства. Ете и тоа е дел од Европа и европските вредности.

Се разбира, неприфатлив е овој скандалозен неевропски чин на прифаќање на сите антиевропски и антимакедонски бугарски барања за самоуништување на Македонија и Македонците, како името, јазикот, културата и историјата, ставајќи ја Македонија во позиција на целосна бугаризација.

Срамниот чекор во играта Танго во Брисел со француски ритам преточен во таканаречените предлози на Макрон има за цел, Македонија дефинитивно да биде избришена од географската карта на народите. Или со еден збор Македонците сами да си пукат во глава за да ги (с)нема.

Бев среќен кога со првиот предлог на Макрон се создаде политичко торнадо и семакедонско единство за НЕ на натамошната распродажба на македонскиот идентитет. Натамошните дисонантни тонови во МНР се невиден срам и грев зачинето со проклетија!

Ова што се случува со модифицираниот предлог на Макрон е карикатура од полтика и дипломатија во кои Македонија и Македонците по род и државјанство доживуваат невиден срам, наликува на ултра забеганиот филм со Марлон Брандо и Марија Шнајдер “Последниот танго во Париз“.

Неразумна е европската политократија која застана на страна на една корумпирана влада која 15 години во контунуитет ги девалвира европските вредности, наместо да се залага за правда, правичност, казнивот, антикоруптивност, демократија, почитување на човековите, малцинските права и добрососедските односи.

Бугарија, наместо да се срами за децениските асимилиаторски аспирации врз Македонците, таа и натаму на голема врата сака да го озакони овој нецивилизациски удар врз Македонија.

Да, сето тоа е можно кога имате забегани и квислиншки или криминалистички политиканти како што ги имаме во последите 5 години во Македонија почнувајќи од Заев кој е татко на овој скандал, а завршувајќи со триото Ковачевски, Османи и Маричиќ.

Да биде работата уште потрагикомична, Османи пред камерите и пред целата јавност си потврди дека неговата дружина ќе си биде во стилот на француслиот Луј 16 апсолутистичи на страна на овој таканаречен модифициран предлог на Макрон, кој имаат намера сами во владата да го изгласат!

Од друга страна дигестивниот хирург Османи, тресна уште една зелена ,а тоа е дека,доколку не го прифатиме,,модицираниот предлог Макрон 2“ ќе го изгубиме последниот воз за Европа?!

Затоа ,како реакција на ваквата шверцерска политика и дипломатија во Македонија ,водена во изминатите 5 години од октроирана колаиција СДСМ-ДУИ го крена и обедини македонскиот народ,по род и државјанство.

Народот го прифатија предлогот на лидерот на опозицијата Проф.д-р Хрстијан Мицковски на се општ народен протес без разлика на идеолошкото убедување, партиската определба во државата пред платото на владата на Македонија и громногласно упатија порака :Ултиматум? Не, благодарам! За почит се и искрените реакции на поранешниот претседател на Македонија Ѓорѓе Иванов.

Имено, Иванов повика на отпор,додавајќи дека македонскиот народ поторно е сведок на националното предавство,како и дека одбраната на македонија е единствениот излез.И според лидерот на Демокраски Сојуз кој е дел од власта Според Трајанов,Протоколот е котроверзен,да не се потпишува и овозможува Бугарија директно да се меша во внатрешнте работи на Македонија.

Народот излезе на протест . Протестирал против одлуката на Владата да го прифати овој понижувачки предлог на Париз (Софија)

Едно да се знае, овој пат, народот порачува, тоа нема шанса да ви помине. Кај што не уништувате или не’ сотревте економски и не’ донесовте на работ на егзистенцијата, ваквото предавство не ви проаѓа.

Претседателот на опозицијата Мицкоски го повика народот на сенароден протест со порака до Макрон, до Ковачевски, Заев, Османи и Маричиќ, дека нема да им помине најкобниот или уништувачки предавнички предлог за Македонците и за Македонија.

Тешко да помине идејата на претседателит Пендаровски за еден општ народен дискурс и размена на идеи и ставови околу апокалиптичниот проект на Ковачевски, Османи Маричиќ.

Пожело е да се организира едно големо соочување, лице во лице меѓу претседателите на СДСМ и ДПМНЕ, заедно со останатите лидери на политичките партии, дали се леви или десни, власт или опозиција, и директно со народот и пред народот да се дебатира, за конечно да се донесе веднаш решение за еден своевиден референдум или идни предвремени избори, а на тој референдум – избори, народот да го даде својот глас дали се за предлогаот на Макрон или бугаризација на Македонците или се за Македонија со достоинство.

Нам ни се потребни ведаш реформи. Но, реформите не се за ЕУ, тие се за нас самите, и да не одиме на линчување на поединците кои ни го прават во контунуитет 30 години последователно, туку да се бориме против духовите на злобата!

Бидејќи со вакви чекори дефинитивно ако го прифатиме тоа што го велат, модифицираниот предлог на Макрон, тоа ќе биде последното танго во Брисел во француски ритам! Последното танго во Париз!

Слободан Томиќ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk