logo
logo
logo

Агим Јонуз

Портпароли Пицопевци

Vecer | 24.08.2021

Портпароли Пицопевци

Знаете ли вие што е тоа ‘‘портпарол‘‘. Знаете жими онакво! Какво! Срам ми е да кажам. Портпарол не смее да анализира, да коментира, да осудува, да тртомуди, да преговара и договара, да им се меша на новинари, да толкува што и кој и како, да прави политички маркетинг, а капак на се, не смее да биде човек кој треба да дава мислење.

Функцијата на портпаролот е да соопштува, да информира и да пренесува информации на релација партија/институција – медиуми. . Тоа е портпарол. Доаѓа од зборот “pora voche – Porta parole”,што значи, ‘‘носи глас, абер, информација. Ало, пицопевци.

Партиските портпароли станаа нај популарните фаци. Зошто?? Па, затоа што кај треба да се фрли камен, клетва, кај треба да се оцрни некој, да се плаче , тука се они, точно пред камерите на сите медиуми кои се повикуваат на ‘‘соопштенија‘‘. Кои црни соопштенија, тоа се ‘‘алапачки сеанси‘‘!

Портпаролите во Македонија се најобични ‘‘плачипички‘‘ кои имаат само една цел, а тоа е да изрезилат, да оцрнат, да осудат, да постават прашања од милион долари за некакви афери, а на крај поточно на врвот на тортата да стават јаготка на шлагот со некоја спектакуларна фактографија за некоја афера за која по ни еден закон за однесување на портпарол – не смеат да го прават!

Ало, портпароли, ало политички пицопевци,.. ‘‘јебем ли вам занат портпаролски‘‘!

Портпарол не смее да дава свое мислење. Свој став. Не јавно и не пред камери. Тој има право единствено да ги соопштува ставовите на субјектот што го претставуваат. За и во нивно име. Во спротивно, портпаролите стануваат институции за себе кршејки ги сите правила на портпаролството и ‘‘адетите‘‘ како треба да се однесуваат кога ке се соберат камери и новинари чекајки ‘‘абер‘‘ од партијата.

Во политичкото однесување на сцена во Македонија, во перманентна негативна кампања, се е отидено у пичку лепу материну. Ова посебно се однесува на политичките султанати. Зборот ‘‘ панаѓур‘‘ е пре благ за да се одслика однесувањето. Не е дури ни циркуз. Дефиницијата која ја одсликува формата на политичкото однесување е најблаго речено ‘‘јебо луд збуњеног‘‘!

Друго се медиумите. Тие имаат право да толкуваат. Да коментираат. Да оправдуваат или негираат. Да усмеруваат, креираат или фаворизираат јавно мислење за нечие дејание. ‘‘Ма јебо ја и њих‘‘ ! Ако се земе во предвид дека директната корелација меѓу партиите и медиумите се врзани со папочна врвка која подразбира пари, кеш, се релативизира до ниво на апсурд јавната информираност и креирњето на јавното мисење. Така, креирањето на јавно мислење од креирање преоѓа на експлицитно ( с‘ опроштење) – ебење у мозак!

И до каде оди срањето!? До даска! Ако се земе во предвид дека секојдневно портпаролите мавтаат со некакви хартии, докази, а згора и сензитивни информации за мега криминали, зошто тогаш институциите на системот не преземаат никакви мерки по тој основ!

Просто! Затоа што султанатите и нив ги држат седнати ‘‘на онакво‘‘. Ако се водиме по онаа народната ‘‘ тепаниот тепан, ебаниот ебан‘‘, тепани се само оние 10 % кои по потреби на власта актуелно се потребни за тепање. Се останато е – ебано! Ако грешам, барам демант !

Баш ме заболе дали ке ме наречете простак, ајван, ова она! Ама она што ми лежи на душа нај народски и нај оргинално ќе го плеснам. Македонија во делот на политичката сцена е една класична – јебачина !Ма, ‘‘Камасутра‘‘.

Е па како тогаш државата функционира? А, кој рече дека функционира!? Ало стадо мојеее!

И на крај краева, некој ке рече ние не сме окупирани. Да си ќутиме, имаме слобода и демократија! Ма, ‘‘ патљак мој‘‘! Можеби не сме со пушка, ама она што е нај заебано, никој не го гледа. Окупирани сме од самите себе си. Од она ‘‘што не спашава, најмногу го кркаме‘‘ у суштина.

Тазе, млада држава! Прв пут у историја самостојна. Лична, убаа! Е па кој ни јадупи бе! Кој стигне бе! А најмногу си ја дупиме – самите. Со начинот на кој ја практикуваме политиката. А што мислиш, зошто јавните показатели велат дека во актуелниот момент има повеќе од шеесет проценти неопределени?

Па преку такво им е баш од тоа дупење!

Ќе се смени ли нешто? Уште долго нема. Карциномот има премногу метастази. Се создаде маса која почна да подразбира дека сево ова е нормално.

Значи ли тиа дека е нормално да бидеме – стока!

По сите ‘‘пишани адети‘‘ така испаѓа!

Чаре!? Ќути и не драмосериши. Викај ура! У Чаир викаат ‘‘ тури му к...т‘‘.

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk