logo
logo
logo

Агим Јонуз

Пазарен елитизим и сезона на бостан

Vecer | 29.08.2021

Пазарен елитизим и сезона на бостан

Колумнава е базирана на претпоставки. Немам докази дека некој било што рекол, затоа се извинувам ако грешам. И ја сум жив чоек де! Само Бог е безгрешен.

Полека ама сигурно, она што зад сите завеси се случува кај Зајко у екипа се покажува како точно. СДСМ е партиј у која ‘‘свако своју политику тера‘‘. Кое сирење најлесно се крши? Она во кое има најмногу ‘‘дупчиња‘‘. А ако некој рече дека најубавото сирење Ементалер е швајцарска направија ама не се крши така лесно, јас ке одговорам,.. ‘‘ ее-хее камо да беше швајцарска партијана‘‘.

Е не е, јеби га друже судија.

По шарената револуција уште у старт Зеко загуби цврсто тло под ноги. ‘‘Изеба‘‘ многумина на кои требаше да им биде и тоа како благодарен што народ како никогаш до тогаш се беше собрал на улица. Народ? Па народот е бостан! Се е кажано.

После тоа, Зеко убаво ( у себе де ) си кажа ‘‘ ма што ви ебем матер скопски педерчиња‘‘. И ние од ‘‘нанива‘‘ имаме душа! Аха! Ок! Пак,.. се е кажано!

После тоа, рече ( пак у себе) ќе си стаам свои луѓе на кои не треба да им цртам дека јас сепак сум по бизнисот и цел живот сум ‘‘ја на тезга, ја на нива‘‘. Нека лапнат и они малку од попарата, секако со усул ‘‘ за да не се гледа гризната лубеница‘‘. Па сите сме од крв и месо де!

После тоа ‘‘тачние у меџувреме у кок-пит) на албанската страна им рече ( пак у себе) ‘‘узми све што ти живот пружа, данас си цвет, сутра увела ружа‘‘. Живела мулти етничка Македонија, како да таква никогаш не била. Замисли! Ја измисли ‘‘мултиетничка Македонија‘‘!

На грците им рече ( у себе) Јорго викај ме како сакаш, само не викај дека сум педер, оти сум ‘‘стрејт‘‘ жими се! Така викаат у Скопје ‘‘ стрејт-мејт‘‘, а ја мора да шетнам по Скопје у пратња на све живо што се вика обезбеџење премијера! Тоа грците не се лоши луѓе, поготово не после 3 уза, ама заеба короната ситуација, па прејдовме на струмичка мастика. Иста е ама малку појака и поише фаќа.

За спас на уќуметот, ‘‘ из све снаге на сва чула‘‘ ја запеа ( у себе) ‘‘ајмо цурице, ајмо дечаци, студенти, џаци, милицајци...

И така,.. за да не биде само Зајко крив ‘‘што Маџарска нема море‘‘, фигуративниот дел од колумната завршува тука. Не знам зашто баш на него му се накомивме. Е-хеее коа ке почнеме да рипаме и по другите, ‘‘пискотници ке се слушаат од Галичник до Река‘‘. ( О Арматолос-сердарот). Идемо даље! Тоа у следните епизоди на сериалот мој колумни под наслов ‘‘ дрш‘ ми го Маре гајтанот‘‘. Да не се замрси де...

А сега да анализираме сериозно. Остајте ме мене ‘‘скопјанишче‘‘. Не реков педеришче како што милуват да не наречат ‘‘О‘риѓанишчана‘‘ ( не реков буљашишча).

Откако СДСМ направи сериозни промени во сопственото ткиво и во делот на мотото ‘‘ ја ремонтираме партијата‘‘ почна да носи нови ликови, цената на тој ремонт полека ама сигурно се плаќа на неколку нивоа.

Како прво, со елиминацијата на ‘‘тешкашите‘‘ од Скопје, една огромна маса гласачко тело остана збунета со прстот у уста како мало дете. Преку ноќ, салонскиот елитизам доби нова форма. Си остана елитизам, ама не салонски. Не можам да го дефинирам. Ваљда пазарен. Аа! Дасибам векот измислив нова дефиниција,.. па то нема ни у београду – ‘‘ пазарен елитизам‘.

Кај што има ‘‘бувља пијаца‘‘ нема морал. Чисто ценкање. Кога сме кај моралот, тој е тесно поврзан за идеолошки матрици и за достоинство. На политичка сцена на која треба да се има исправена кичма, многу ликови генерално од политичкиот свет покажаа и докажаа дека имаат ‘‘лумбаго‘‘, па наместо со исправена плеќа, одат како да се покакани. Ботно одат. Е, сега да резимираме. Поимот ‘‘ битно одат‘‘ стана лајт мотив, стана правило... и така одат,.. одат икаде отидоа така!?

Отидоа у пичку лепу материну. One way ticket to the blue!

Нејсе, отиде така и цела држава, ама кој е виновен за тоа. Па, најверојатно Круме берберот. Тој беш ликот што ја дигна цела Македонија и направи револуција, арно ама на крајот само прдна у ваздух. Ако некој смета дека успехот е само во тоа што го сменивме името, тој е за на клиника. Промената на името и Преспанскиот договор се меѓународна, а не Муртинска направија.

Преспанскиот договор ќе мораше било кој да го потпише, ако сакаше да опстане државата. Среќа СДСМ – овска беше позицијата да потпишува. У право време влегол у права обложувалница и заокружил ‘‘фикс двојка‘‘. Е, така и ‘‘било кој ке добиеше после награди за мир и васељенски пацифизам‘‘. А бе, то CIA сибала мајката!

Ако на овие избори СДС претрпи пораз или сериозно покаже слабост на терен, ќе мора да има сериозни претумбации внатрепартиски. Опцијата да врати некои стари ликови од минатото е погубна, зашто ‘‘они су одсвирали своје‘‘, а новите ликови колку и да се млади и полетни, ќе треба да имаат време и простор да се докажуваат и стекнуваат доверба.

Работава ‘‘ главата во јазот, а онаквото во газот‘‘. Не се секирајте, дежурната ‘‘шиптараана‘‘ ке спасува. Ама до кога!? Што уште може да им се вети!?

Работава е ‘‘ташак со грашак‘‘. Овие избори за султанатите ќе имаат два нивоа. Првото е кој ќе брка бизниси на терен у наредни 4 години, а втората е лакмус дали на пролет одма да има предвремени парламентарни, или да се почека.

А, у меѓувреме народот!?! Ма кој го ебе бе!

Ајмо бостааан!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk