logo
logo
logo

Златото руши цени, А ЕВЕ КОЈ ГО ИМА НАЈМНОГУ

Vecer | 04.01.2025

Златото руши цени, А ЕВЕ КОЈ ГО ИМА НАЈМНОГУ

Кина, Швајцарија и Индија се на врвот според растот на златните резерви, покажуваат податоците на националните централни банки.

На крајот на септември 2024 година, девизните средства на светските централни банки изнесуваа 14,3 трилиони долари во споредба со 12,9 трилиони долари една година порано.

Апсолутен лидер во нивниот раст е Кина, која ги зголеми златните и девизните средства за 263,3 милијарди долари. На второ место е Швајцарија со пораст на резервите за 131,9 милијарди, а трета е Индија со 118,1 милијарди долари.

Во изминатата година резервите на Германија се зголемија за 67,2 милијарди долари, на Франција за 66,1 милијарди долари, а на Русија за 64,7 милијарди долари.

Во првите десет се и Сингапур со пораст од 52,4 милијарди долари, Полска со 38,8 милијарди долари и Бразил со 31,7 милијарди долари.

Други дваесет регулатори, вклучувајќи ги централните банки на Турција, Јапонија и Мексико, ги зголемија своите средства за 10 милијарди долари до 30 милијарди долари, додека останатите седумдесет забележаа зголемување до 10 милијарди долари.

Во исто време, секој десетти финансиски регулатор бележи намалување на своите резерви. Најмногу се намалени во Бангладеш - за 2 милијарди долари, во Доминиканската Република за 1,4 милијарди долари и во Украина за 820 милиони долари.

Девизните средства се намалени во Парагвај, Естонија, Кувајт, Грузија, Ерменија, Уганда и Бахамите.

Во однос на обемот на девизните резерви, Кина го задржа долгогодишното лидерство во светот - на крајот на септември 2024 година, нејзините средства изнесуваа 3,57 трилиони долари. На второ место е Јапонија со 1,25 трилиони. Швајцарија е на трето место со имот од 950 милијарди долари

Четвртото место го зазеде Индија со акумулирани средства во вредност од 706 милијарди, а на петто е Русија со 634 милијарди долари.

Истражувањето е направено врз основа на информации од националните централни банки на сто економии во светот, кои објавија податоци за септември на крајот на декември 2024 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk