logo
logo
logo

Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Vecer | 28.07.2021

Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје


Во организација на премиерот, Зоран Заев, во координација со кабинетите на претседателите на Србија, Александар Вучиќ, и на Албанија, Еди Рама, а во соработка со стопанските комори од регионот, утре во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка кој е од исклучително значење.

Ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија, од повеќе други земји од регионот, како и претставници од меѓународните институции кои пројавија голем интерес да бидат дел од овој Форум.

На настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“.

Програмата на Форумот опфаќа обраќања на лидерите на трите земји организатори на настанот, кои потоа ќе учествуваат на економскиот панел на кој за новата иницијатива и за непосредните придобивки од неа ќе разменат мислења претставниците на деловните заедници од Албанија, Србија и Северна Македонија.

На посебен церемонијален дел од програмата на Форумот, ќе бидат потпишани два меморандуми за разбирање и еден меѓудржавен договор кој во огромна мера ќе го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис заедницата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk