ВРАТЕТЕ ГО! ИКЕА повлече популарен производ од продажба

ИКЕА ги повика своите клиенти кои ја купиле играчката за риболов BLÅVINGAD да престанат да ја користат и да ја контактираат компанијата за враќање на парите.
ИКЕА објави дека играчката се повлекува од продажба. „Безбедноста на клиентите е почетна точка во ИКЕА. Затоа, преземаме мерки на претпазливост и ја повлекуваме играта BLÅVINGAD Fish Fishing (Multicolor) поради потенцијална опасност од гушење. ИКЕА ги развива своите производи со ригорозна програма за проценка на ризик и тестирање за да се осигура дека производите ќе ги исполнуваат сите важечки закони и прописи на пазарите на кои се продаваат“, велат од ИКЕА.
Проблемот е што малите нитни на играчката може да се откачат, што создава потенцијална опасност од голтање и гушење. „Риболовната игра BLÅVINGAD (повеќебојна) може да се врати во ИКЕА со целосно рефундирање на парите. Не е неопходно да се приложи доказ за купување (потврда).