logo
logo
logo

Во криза КУПУВАЈТЕ МУДРО – ЕВЕ 4 СОВЕТИ

Vecer | 14.01.2022

Во криза КУПУВАЈТЕ МУДРО – ЕВЕ 4 СОВЕТИ

Цените по маркетите постојано растат и нема најави кога би запреле поскапувањата имајќи предвид дека скокаат цените на горивото.

Граѓаните се изложени на повисоки трошоци и затоа е потребно мудро да купуваат за да заштедат што е можно повеќе пари за семејниот буџет.

Еве 5 совети како да ги намалите трошоците при купување.

Рок на траење

Внимавајте на производите со поминат рок, најмногу јогуртот, слатките, пакуваните сувомеснати производи, бидејќи честопати се намалуваат за 30 до 50 отсто, а најчесто имате неколку дена да ги  искористите што е повеќе од доволно ако количината што сте ја купиле е релативно мала.

Акции

Тие постојат за да ги користите, и не значат дека производот е лош. Исто така, советот е да посетите повеќе маркети каде има производи на акции. Така ќе можете тоа што ви треба да го купите по најниска цена и да заштедите пари.

Избирајте паметно

Колку и да ви изгледале како „ситни пари“ некои грицки, слатки, пијалоци и други работи, ако ја наполните корпата со нив, на касата ќе сфатите дека сте дале многу пар. Направете список пред секое купување: запишете кои основни намирници ви се потребни, вклучително овошје и зеленчук, па дури потоа доаѓаат слатките, чипсот итн.

Запрашајте се: "Дали ми треба ова?"

Овде доаѓаме до моментот кога акциите не се „решение“ за секого. Затоа, доколку никогаш не консумирате или користите некои производи, не ги купувајте иако се на попуст.

Продавниците имаат и тактики кои често го менуваат распоредот на производите, па секогаш мора да поминете низ целата продавница за да го добиете она што ви треба. На тој „пат“ на многумина им се случува од полиците да го подигнат она што навистина не им треба, но тоа да се намали или да им „боде очи“ со неговиот натпис/амбалажа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk