logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Понудата за евтини енергенси стои, а дезертерот Ковачевски да прифати и дебата со претседателот Мицкоски на тема енергетска криза

Vecer | 30.09.2022

ВМРО-ДПМНЕ: Понудата за евтини енергенси стои, а дезертерот Ковачевски да прифати и дебата со претседателот Мицкоски на тема енергетска криза

Понудата за евтини енергенси стои, а дезертерот Ковачевски да прифати и дебата со претседателот Мицкоски на тема енергетска криза, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Дезертерот Ковачевски да смогне сили и да го прифати планот на Мицкоски за обезбедување двојно поевтина струја и стабилно парно греење за Скопје. Со планот кој претседателот Мицкоски го предложи ќе се набават енергенси, мазут и гас, за ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, по цени кои одговараат на предкризната состојба. Со набавка на евтин гас, цената на парното во Скопје нема да има потреба да се зголеми, а ТЕ-ТО ќе може да произведува 200 мегавати на час струја, по цена под 200 евра за мегават час, струја која ќе оди за стопанството кое сега плаќа струја и по 600 евра за мегават час, стои во партиското соопштение и се додава: „Со евтин мазут ќе може да се обезбеди и работа на двете турбини во ТЕЦ Неготино и цена на струја од нешто над 150 евра за мегават час. Вкупно ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО имаат производствен капацитет од скоро 400 мегавати на час, и со тоа ќе се обезбеди скоро 10.000 мегават часови струја на ден, која ќе биде во дијапазон од 150 до 200 евра за мегават. Оваа струја ќе биде сосема доволна за бизнисот, кој ќе има и до 4 пати пониски сметки од сегашните. Дезертерот Ковачевски да се охрабри и да ја тргне суетата на страна. Потребни се реални мерки веднаш. Дополнително да не дезертира од дебата на тема енергетика и да избере место и време, со цел соочување со претседателот Мицкоски и фактите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk