logo
logo
logo

(Видео) Заев: Донесовме одлука, ќе плаќаме и казни само за да ги стопираме малите хидроцентрали

Vecer | 09.10.2021

(Видео) Заев: Донесовме одлука, ќе плаќаме и казни само за да ги стопираме малите хидроцентрали

Зборуваме за обновливи извори на енергија, имаме постигнато договори за преку 650 мегавати сончеви колектори и за 500 мегавати ветерници. Само РЕК Битола 3 блока се 600 мегавати, затоа што еден ден треба да ги затвориме не подоцна од 2030 година РЕК Битола 3-те блока и РЕК Осломеј, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Затоа градиме обновливи извори на енергија, но градиме и во заштита на животната средина. Сите овие канализации и водни линии, прочистителни станици во иднина и новите депонии кои ќе се изградат по европски стандарди, се ова е во прилог на заштита на животната средина“’, рече Заев.

Денеска, додаде Заев, можеме да се пофалиме дека донесовме одлуки да платиме колку треба казни за да ги стопираме малите хидроцентрали коишто ја уништуваат цела оваа околина.

„Свесни од минатот, заради пари не заради нешто друго, направиле договори од коишто државата ќе плаќа и на крајот да ќе платиме но тоа се само пари но ќе го зачуваме здравјето на луѓето, ќе ја зачуваме оваа природа и оваа убавина која што ја имаме и ќе ја оставиме надоградена со повеќе зеленило и заштитена“, посочи претседателот на СДСМ.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk