logo
logo
logo

Убава вест за пензионерите: Пензии ќе има од 30 мај до 2 јуни

Vecer | 25.05.2022

Убава вест за пензионерите: Пензии ќе има од 30 мај до 2 јуни

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година.

Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk