logo
logo
logo

Цените на основните производи остануваат замрзнати

Vecer | 28.01.2022

Цените на основните производи остануваат замрзнати

Цените на основните продукти остануваат замрзнати. До крајот на февруари лебот, млекото, шеќерот, брашното, маслото за јадење, месото, сирењето, урдата, јајцата, тестенините и оризот ќе се продаваат по иста цена. Министерот за економија, посочи дека одлуката за ограничувањето ќе биде доставена до Влада. Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, напиша Бектеши на ФБ. Дел од бизнисите пак чии цени се замрзнати, се пожалија дека ваквата мерка им е на штета и дека не треба да се прдолжи, или ако се случи тоа да им помогне државата. Посочија дека нивните производствени трошоци се многу високи и со ваквите ограничувања не се сигурни дека ќе можат да ги испорачувата потребните количини на производи. Одлуката да се ограничат цените, Владата ја донесе на крајот од минатата година, откако производите почнаа да поскапуваат како резултат на зголемувањто на цената на енерегенсите. Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата, со цената што ја имаа на 1 декември која ќе важи до 31 јануари 2022 година. Дополнително беше донесена и одлука да биде замрзната и цената и на оризот, тестенините и јајцата. Замрзнувањето на цените важеше во трговијата на мало и на големо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk