logo
logo
logo

Цените на храната растат и покрај мерките за ублажување на ценовниот шок

Vecer | 01.08.2022

Цените на храната растат и покрај мерките за ублажување на ценовниот шок

Последно – нова повисока цена забележа лебот, кој кај одредени фирми е поскап за 5 денари. Граѓаните се жалат дека изминатиов период и дел од останатите производи кои се со ограничени маржи забележуваат благ раст. Пред камерата на Канал 5 велат дека примањата не стигнуваат да ги подмират ниту основните потреби. Живеачката е поскапа од месец во месец. Сепак, за нова помош граѓаните ќе треба да почекаат уште еден месец. Нов пакет антикризни мерки надлежните најавија за септември, кој ќе важи само за ранливите категории граѓани и фирми кои се најмногу погодени од растот на цените на храната и енергенсите. За справување со енергетската криза пак, најавено беше дека месецов ќе се прогласи и нова кризна состојба во енергетиката, со цел да се префрлат финансии за ЕСМ да може да набавува енергенси за да го зголеми производството на електрична енергија. Но, останува неизвесно кога ќе се прогласи бидејќи Владата и Собранието од денеска се на колективен одмор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk