logo
logo
logo

Тајни фабрики за рударење Биткоини

Vecer | 10.10.2021

Тајни фабрики за рударење Биткоини

Рударите за биткоини од канадскиот град Алберта дошле до „оригиналната“ идеја за рударство на криптовалути - присвоиле напуштена фабрика за експлоатација на природен гас, но акцијата не успеала откако соседите ги пријавиле поради бучава.

Рударите „копаа“ под покровителство на Линк Глобал, а извршниот директор вели дека ова е вообичаена практика, бидејќи нивната цел е напуштените објекти повторно да бидат корисни.

Покрај тоа, тој посочува дека рударството со криптовалути е релативно нова практика, поради што се појавуваат такви проблеми.

Тензиите меѓу крипто -рударите и локалната инфраструктура постојат во многу делови на светот - во Малезија, на пример, 1.069 рударски уреди беа запленети во јули и уништени, додека рударите беа обвинети за кражба на електрична енергија.

Случајот од Канада не е ништо ново, но експертите предупредуваат на сериозноста на прекумерната потрошувачка на електрична енергија.

Во 2020 година, во споменатата фабрика беа инсталирани четири генератори, кои се доволни за снабдување на шест илјади домаќинства.

Точно е дека се снабдуваа со природен гас, така што немаше кражба на електрична енергија, но се посочува дека овој начин на експлоатација може да предизвика голема штета.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk