logo
logo
logo

Соништата навистина се остваруваат со Шпаркасе Банка!

Vecer | 15.10.2021

Соништата навистина се остваруваат со Шпаркасе Банка!

Купувањето или уредувањето на стан или куќа е една од најголемите финансиски одлуки во животот на секоја личност и затоа е многу важно да бидете добро информирани доколку решите да го направите ова со финансиска поддршка во форма на станбен кредит.

Освен достапноста на кредитот, најчестите прашања и дилеми на граѓаните се однесуваат на отплатата – висината на каматната стапка, дали таа е фиксна и за колкав период се однесува фиксната каматна стапка, условите за отплата, обезбедувањето на кредитот како и дополнителните трошоци за негова обработка.

Условите за кредит се од непроценливо значење за клиентите кога станува збор за решавање на станбеното прашање. Следејќи ги трендовите за потребите и барањата на клиентите и секогаш стремејќи се истите да бидат задоволени, Шпаркасе Банка АД Скопје ви нуди станбен кредит со екстра поволни каматни стапки:

  • фиксна каматна стапка од 3,10% за првите 10 години, додека за останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години, каматната стапка изнесува 4% променлива стапка врзана на 6 месечен Еурибор.
  • Дополнително, до 30.11.2021 година, станбениот кредит на Шпаркасе Банка АД Скопје е без административни и без нотарски трошоци.
  • Максимален износ на кредитот е до 400.000 евра.

Обезбедување за кредитот

  • Сопствено учество почнувајќи од 15%;
  • Хипотека на стан/куќа;
  • Винкулирана полиса за осигурување на имотот во корист на Банката.

Кредитот можете да го искористите за купување на недвижен имот (стан или куќа), доградба/надградба на станбен простор согласно доставен проект и дозвола за градба или за рефинансирање на станбен кредит во друга банка.

Повеќе информации за станбениот кредит на Шпаркасе Банка може да прочитате на следниот линк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk