logo
logo
logo

СКОК НА ЦЕНИТЕ и трошоците за живот

Vecer | 10.01.2022

СКОК НА ЦЕНИТЕ и трошоците за живот

Трошоците на живот во декември биле поголеми за 0,4 проценти во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со 2020 година, трошоците на живот бележат пораст од 3,2 проценти, додека цените на мало се зголемени за 4,3 проценти.

Пораст е забележан во групите: Транспорт за 9,9 проценти, Ресторани и хотели за 5,9 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,8 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 3,1 процент, Здравје за 2,9 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Рекреација и култура за 2,7 проценти, Разновидни стоки и услуги за 1,4 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 процент и Облека и обувки за 0,2 проценти.

Намалување на индексите имало кај комуникациите за 0,5 проценти, а образование е на исто ниво како претходната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk