logo
logo
logo

Што е поисплатливо, АВТОМОБИЛИ НА СТРУЈА ИЛИ НА БЕНЗИН/ДИЗЕЛ

Vecer | 11.05.2023

Што е поисплатливо, АВТОМОБИЛИ НА СТРУЈА ИЛИ НА БЕНЗИН/ДИЗЕЛ

Резултатите се разликуваат од класа до класа. Во споредба со возилата со мотори со внатрешно согорување, германскиот автомобилски клуб (ADAC) гледа предности во пониските трошоци на електричните автомобили кога станува збор за возилата со средна големина, објави автомобилската асоцијација.

Меѓутоа, во категоријата мали возила, електричните автомобили често не се конкурентни. Како што е наведено, пресметките се базираат на целосните трошоци за моделите на возила кои моментално се достапни на германскиот пазар.

Покрај трошоците за гориво или струја и амортизација на возилата, во пресметките се вклучени и ставки како трошоци за одржување, даноци и осигурување, пишува Poslovni.hr.

Во просек, за анализираните возила со средна големина, електричните автомобили се малку поевтини, претпоставувајќи годишна километража од 15.000 километри и петгодишен период на задржување на возилата.

Тоа беше точно и кога цената на струјата беше многу висока, 0,80 евра за kWh, а горивата беа релативно високи, 1,50 евра за литар дизел.

Во категоријата мали автомобили, пак, електричните возила поминуваат лошо.

Дури и со цена на струја од 0,40 евра за kWh и цена на гориво од 2 евра за литар, автомобилите со мотори со внатрешно согорување од оваа категорија се во просек поевтини за возење.

Според ADAC, цените на електричните автомобили се едноставно превисоки во споредба со автомобилите со SUS мотори.

Работите изгледаат малку подобро кај возилата од пониска средна класа.

Овде со 0,40 евра за киловат час електромобилите можат да ги „победат“ дизелите дури и по цена од 1,50 евра за литар. За автомобилите на бензин, од друга страна, суштината зависи од точната цена на горивото.

Во високата средна класа дизелите победуваат и со 0,30 евра струја и 2 евра за литар гориво.

Кај луксузните возила, работите изгледаат подобро за електричните автомобили повторно - со цените на електричната енергија од нешто повеќе од 0,50 евра за киловат час, тие се поевтини за возење од моделите со SUS мотори, а истото важи и за субкомпактните автомобили, до нешто под 0,50 евра за kWh.

Сепак, според ADAC, овие вредности може значително да се разликуваат во зависност од возилото или, на пример, од износот на попусти доделени за одредени модели.

ADAC не ги оценуваше теренците одделно, туку ги класифицираше во други класи на автомобили, според цената и големината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk