logo
logo
logo

Што е глобален долг и зошто е важен? „Моменталниот износ преставува опасност“

Vecer | 22.05.2022

Што е глобален долг и зошто е важен? „Моменталниот износ преставува опасност“

Глобалниот долг значи долг на земјите, компаниите и секој поединец. Беше висок пред пандемијата на коронавирус, а дополнително се зголеми за време на пандемијата.

Владините трошоци за заштита на работните места и јавното здравје придонесоа за растот на глобалниот долг.

Светскиот економски форум (СЕФ) смета дека тоа е висината на долгот што претставува опасност, пренесува Кликс.

Минатата година достигна 303 трилиони долари, од 226 трилиони долари една година порано.

Ова е највисок раст од Втората светска војна.

Нападот на Русија врз Украина поттикнува континуиран раст на глобалниот долг.

Ако земјите не можат да ги платат своите долгови, тогаш тоа резултира со паника на финансискиот пазар и забавување на економскиот развој.

Можна е и рецесија.

Недостигот на пари за јавни услуги, како што се здравствената заштита и образованието, најмногу ги погодува сиромашните.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка веруваат дека 60 отсто од сиромашните земји се блиску до тоа да не можат да финансираат јавни услуги.

За да се реши проблемот, ММФ повика на реструктуирање на државните долгови.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk