logo
logo
logo

(ТАБЕЛИ) ШТЕТАТА СО НОВАТА ЕВРООБВРЗНИЦА Е 18 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 07.03.2023

(ТАБЕЛИ) ШТЕТАТА СО НОВАТА ЕВРООБВРЗНИЦА Е 18 МИЛИОНИ ЕВРА

На вчерашната аукција на новобјавената еврообврзница постигната е камата од 7,625 проценти, тоа е повисока за повеќе од еден процентен поен од претходната распишна еврообврзница, која пропадна бидејќи немаше потпис од сега веќе поранешен министер за правда, Никола Тупанчевски.

Поради ова експертите очекуваа дека ќе се зголеми каматата на тековната еврообврзница, што се покажа како точно.

Еврообврзницата се издава на четиригодишен период, од 13 март 2023 до 13 март 2027 година.

Сумата е 600 милиони евра. Меѓу причините кои се наведуваат за издавањето на еврообврзницата е буџетска поддршка за 2023 година и за рефинансирање на јавниот долг.

-Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност - соопштија вчера од МФ.

Како што е познато пред неколку дена Собранието го изгласа новите министери, заедно со новиот Министер за правда Кренар Лога, кој како што се претпоставува го ставил потписот на прваното мислење за новата еврообврзница

Вечер.мк во прилог ви ја преставува точната пресметка за трошокот/штетата за буџетот од грешката при издавањето на Евро-обврзницата и нејзиното откажување за време на реконструкцијата на владата т.е. министерот за правда, што резултираше со зголемување на аукцискиот принос и купонската каматна стапка:

-Владата ќе се обидува ситуацијата во државата да ја претставува во розово светло, но инфалацијата воопшто не е розова. Според нашите првични пресметки пропустот со еврообрзница не чинеше најмалку 18 милиони евра и е предизвикана дирекна штета на државата, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во синоќешното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Додаде дека платена е превисока цена поради некоординираноста на владините ресори за еврообрзницата. Реконструцијата на оваа Влада првично не чини 18 милони евра.

„Кога беше издадена еврообрзницата на само 175 милиони евра што го стабилизираше пазарот во услови на замрзнати финанисиски пазари по 2008-та година каматната стапка на НБРМ беше 9 отсто, а сега е 5,25 отсто, тоа е основен репер со што треба да се споредуваме. Понатаму цената на нашите претходни лимитирани еврообрзници на лимитираните пазари беше над 10 отсто“, рече Славески.

Славески е дециден дека поради пропуст или несогласување на министерот за правда со неговото разрешување и што не ја потпиша навреме дозволата за еврообрзница направена е голема штета.

„Во блиска иднина некој ќе понесе одговорноста за оваа штета од десетици милиони евра заради пропустот со еврообрзницата, бидејќи е направена штета на државата“, изјави Славески.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk