logo
logo
logo

Шефицата на ММФ: Ковид-19 може да ја продлабочи нееднаквоста во Европа

Vecer | 23.02.2021

Шефицата на ММФ: Ковид-19 може да ја продлабочи нееднаквоста во Европа


Пандемијата со Ковид-19 може да ја продлабочи економската разлика меѓу земјите во Европа доколку владите не се справат со светската здравствена криза и не ја поддржат економијата сè додека не заврши кризата, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд.

Кристалина Георгиева ја пофали владата на Европската Унија за поддршката на компаниите и домаќинствата, вклучително и програми за зачувување на работните места во кои беа вклучени повеќе од 54 милиони работници.

„Но, патот до закрепнување е нерамномерен поради разликите во почетните позиции, економската структура и можностите за дејствување, што предизвикува продлабочување на нееднаквостите меѓу земјите и во самите нив“, предупреди Георгиева во Европскиот парламент.

Според неа, европските земји кои традиционално се потпираат на туризмот, како што се Шпанија, Грција и Италија, забележаа пад на БДП за повеќе од девет проценти во 2020 година, додека во Унијата тој пад во просек беше за 6,4 проценти.

Според ММФ, Ковид-19 ќе ја продлабочи нееднаквоста во земјите, така што регионите кои имале помал БДП по глава на жител пред кризата, помала продуктивност, поголем сектор кој се потпира на директен контакт со клиенти и помалку работни места погодни за теле-работа ќе претрпат особено тешки последици.

Губењето на милиони работни места најмногу ќе ги погоди жените и младите, особено оние со пониски примања и заштеди, објасни Георгиева.

Според неа, владите на Европската Унија мора да создадат услови за економско закрепнување и ублажување на диспаритетите, ставајќи го на прво место крајот на здравствената криза, истакна таа.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk