logo
logo
logo

Секоја година владата на заевизмот најавува економски бум и капитални инвестиции, а резултатот е катастрофа и кризи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 22.01.2022

Секоја година владата на заевизмот најавува економски бум и капитални инвестиции, а резултатот е катастрофа и кризи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нова буџетска година, а стари излитени лаги од страна на власта на СДСМ и ДУИ. На почетокот на секоја година криминалната власт на заевизмот најавува економски бум, квантен скок, рекордни капитални инвестиции, кули и градови. А вистината е дека од нивната економска политика имаме само катастрофални последици, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Власта на СДСМ и ДУИ повторно најавува рекордна реализација на капитални инвестиции, а минатата 2021 година се заврши само со 45 проценти реализација. Капиталните инвестиции во време на заевизмот половина остануваат само на хартија, а половина завршуваат со зделки во четири очи бидејќи на власта не им е битен државниот и интересот на граѓаните, туку партиските и личните бизнис интереси. Ако го погледнеме периодот 2018-2021, годишниот процент за реализација на капитални инвестиции е само 7% од вкупните расходи, што е многу помалку во споредба со реализацијата во претходниот период. Ова значи дека или тоа што заевизмот сам го зацртал не е способен да го реализира, или секоја година лаже, велат од партијата. Од таму додаваат дека да потсетиме дека СДСМ и ДУИ ветуваа големи капитални инвестиции и од буџетот за 2021 и од буџетот за 2020 но Македонија западна во тешка економска , енергетска и здравствена криза. Македонија е земја која освен во растот на долгот, нема раст на ниту еден економски параметар. -Последни сме во регионот по странски инвестиции, па така и Косово и Албанија и Србија имаат по неколку пати повеќе странски инвестиции по глава на жител во споредба со Македонија. Токму власта на заевизмот ги има потрошено најголемите буџети во историјата на Македонија, во просек по 4 милијарди евра годишно, а нема ниту еден капитален проект реализирано. Сите пари ги изеде криминалот и корупцијата на владата на заевизмот, чиј дел беше и е самиот пиун Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk