Железниците во секоја земја се двигател на економијата и стопанството,  и врши најголем транспорт на стоки и патници. Само во Македонија со власта на Заев железницата е во клиничка смрт.

Ниту се гради и осовременува инфраструктура, ниту се набавуваат нови вагони и композиции. Двете железнички компании Транспорт и Инфраструктура едвај преживуваат, ама затоа секој ден се полнат со партиски кадри. Затоа сега не можат да дадат плати, ниту да сервисираат обврски. Со други зборови власта на Заев ги спрема како тешки загубари да ги продаде.

Последниот случај кога заради неисплатени плати железничкиот превоз беше ставен во прекин покажува до кое дереџе е дојдена работата. Македонија е меѓународно железнички изолирана земја бидејќи веќе 3 години е укината единствената меѓународна железничка линија Солун-Скопје-Белград, а како тргнала работата на добар пат е да престане и внатрешниот домашен сообраќај.

Тоа е недозволиво. Железницата е крвотокот на секоја национална економија. Тоа што Заев не е способен не значи дека не може подобро да функционира. Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години за граѓаните, без инвестиции, без унапредување на железничкиот транспорт. Тоа мора да се промени. 

 
Концептот Македонија за сите луѓе нуди визија за напредок и инвестиции во секој вид инфраструктура, вклучително и железничката., се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.