logo
logo
logo

Русија запре пратка ДОМАТИ од Македонија

Vecer | 07.06.2022

Русија запре пратка ДОМАТИ од Македонија

Само еден ден по македонската забрана за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат за Србија, Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија („Роселхознадзор“) објави дека запрела пратка со домати од Македонија.

На 1 јуни специјалистите на Канцеларијата на „Роселхознадзор“ за Калининградската област извршиле карантинска фитосанитарна контрола на свеж зеленчук и овошје со вкупна тежина од 17 тони, пристигнати од Македонија.

При контролата, во низа домати е пронајден карантински штетник на градинарски култури, јужноамерикански доматен молец.

Присуството на гасеницата-штетник во одржлива состојба било потврдено со лабораториска експертиза од калининградскиот огранок на „Роселхознадзор“.

Во однос на заразената серија домати во количина од 2,6 тони преземени се карантински фитосанитарни мерки. По избор на сопственикот, заразените домати се испраќаат на дезинфекција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk