logo
logo
logo

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 15,8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Кинеска авиокомпанија купува 101 авион од „Ербас“

Vecer | 27.03.2026

ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 15,8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Кинеска авиокомпанија купува 101 авион од „Ербас“

Кинеската авиокомпанија „Чајна Истерн Ерлајнс“ (China Eastern Airlines) денес објави дека потпишала договор вреден 15,8 милијарди долари за купување на 101 авион од европската компанија „Ербас“.

Нарачката вклучува неколку модели од истата серија - A320neo, A321neo и A321XLR - што укажува на фокусот на компанијата на модернизација и проширување на флотата на средни и долги релации, објавува „Фигаро“.

Авионите треба да биде испорачани во периодот од 2028 до 2032 година, според соопштението доставено до Шангајската берза.

Како што е наведено, распоредот на испорака може да се прилагоди според околностите и со согласност на двете страни.

„Чајна Истерн Ерлајнс“ со седиште во Шангај е една од трите најголеми авиокомпании во Кина и е во мнозинска сопственост на државата, што ја прави оваа нарачка значајна од стратешка гледна точка за кинескиот пазар.

Француски извор близок до ова прашање, зборувајќи под услов да остане анонимен, прецизираше дека станува збор за финализирање на меморандумот за разбирање што „Ербас“ го потпиша за време на посетата на претседателот Емануел Макрон на Кина во декември.

Тоа вклучува купување на 120 авиони, претежно од серијата А320 за летови на долги релации, рече анонимниот извор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk