На денешен ден, на 23.05.1937 година, починал Џон Д.Рокфелер, човек за кој се проценува дека бил, засновано на богатството што го стекнал само во последните десет години од својот живот, најбогатиот човек на светот.

Џон Дејвидсон Рокфелер е роден на 8 јули 1839 година, како второ дете на семејството Рокфелер во Ричфорд, Њујорк.

Бидејќи Вилијам Рокфелер, таткото на Џон, честопати бил далеку од дома, Џон и помагал на неговата мајка во домаќинството и продавал компири, слатки и мисирки за дополнителни пари.

Бидејќи семејството Рокфелер често се преселувало за време на неговото растење, тој најпрво ја посетувал Академијата во Овег, а кога започнале да живеат во Кливленд, се запишал во средното училиште во Кливленд.

Заедно со средното образование, запишал и курс на Колеџот за трговија Фолсом, каде што студирал книговодство.

Кога наполнил 16 години, ја добил својата прва работа како помошник сметководител во компанија во Кливленд, каде ја искористил својата прекувремена работа за да стекне искуство во преговори со сопственици на фирми, а тој бил особено вешт во пресметки и трошоци.

За три месеци работа, добивал 16 долари месечно, а подоцна неговата плата била зголемена на 50 долари.

Во тој период, Рокфелер наводно изјавил дека имал два сона и големи амбиции во животот – да заработи сто илјади долари и да живее сто години.

Џон и неговиот прв деловен партнер, Морис Кларк, подигнале четири илјади долари капитал во 1859 година, а една година подоцна веќе направиле голем профит со овој потег, од околу 17 000 долари.

Рокфелер, исто така, видел голем потенцијал во тогашното растечко производство на нафта во западна Пенсилванија, па затоа во 1863 година ја изградил својата прва рафинерија за нафта недалеку од Кливленд, која била најголема во таа област.

Рафинеријата била во сопственост на Рокфелер, неговиот партнер Кларк, хемичарот Ендрус, а дел им припаѓал на браќата Кларк.

Братот на Џон изградил рафинерија во Кливленд во 1866 година, па го покани Џон да му биде деловен партнер.

До крајот на следната година, оваа рафинерија била најголема во светот, благодарение на добрата контрола на трошоците, употребата на рафинериски отпад и континуираните практики за инвестирање за да се оствари профит.

Џон Рокфелер ја основал својата нафтена компанија „Стандард оил“ во Охајо во 1870 година, а неговите рафинерии станале најпрофитабилни.

Со текот на времето, Стандард Оил, компанија предводена од Рокфелер, добила доминација на пазарот за рафинирање и продажба на нафта – дури 90 проценти од американскиот пазар.

Многу новинари и политичари ја осудиле и нападнале компанијата, тврдејќи дека „Стандард Оил“ бил најсуровиот, немилосрден вид монопол во тоа време, на што Џон одговорил дека во големиот бизнис што го прави се случуваат работи што тој не ги одобрувал, но на крај се обидувал да ги поправи.

Семејството Рокфелер било критикувано од јавноста кога во 1989 година продаде 51 процент од своите акции на јапонската компанија „Митсубиши“, поточно акциите на групата Рокфелер, која исто така беше сопственик на Центарот Рокфелер.

Веќе со својата прва плата кога имал 16 години, Рокфелер дал процент од својата заработка во добротворни цели.

Како што растела неговата заработка, тој вложувал сè повеќе во образованието и здравството, науката, уметноста и се проценува дека тој и неговата фондација донирале повеќе од 250 милиони долари во добротворни цели.

Тој и неговиот син ја основале Фондацијата Рокфелер, која првично обезбедила голема финансиска поддршка за јавното здравство и 2о15. година, таа беше на 39-то место според количината на донации.

По пензионирањето од бизнисот, се верува дека заработил просечно околу една милијарда и петстотини милиони долари од инвестиции и компанијата, што е најголемата сума што можела да се создаде од приватно лице дотогаш.

Умрел на 23 мај 1937 година во Флорида.

Центарот Рокфелер, лоциран во Менхетен, е комплекс од 19 згради изградени од семејството Рокфелер во 1930 година, а во 1987 година беше наведен како национално обележје на САД.

Денес Центарот Рокфелер е седиште на познатата национална телевизиска компанија „Ен-Би-Си“.