-Тутунарите, лозарите, оризопроизводителите, јаболкарите, сточарите, овоштарите, едвај ќе врзуваат крај со крај, без никаква државна помош, во услови кога го имаме најголемиот буџет во Република Македонија и кога функционерите на СДСМ и на ДУИ константно се богатат. Поради овие причини, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со предложените околу 220 амандмани, ќе побара од владината коалиција целосно да се рекомпонира делот од буџетот кој што е наменет за поддршка на земјоделството во државата. Не може повеќе да има милијарди и милијарди евра за набавка на мебел, луксузни возила за функционерите, партиски вработувања, договорни услуги и разни трансфери, а да нема за навремена исплата на субвенции, за набавка на современа земјоделска механизација, за зголемување на земјоделските капацитети и за потенцијална исплата на евентуални штети кои би им се случиле, истакна Ристески.Тој порача:
-Нема да дозволиме власта да продолжи да ужива во комфор и црвени теписи, а земјоделецот да се дави во пот и солзи. За таа цел, ги повикуваме пратениците од коалицијата СДСМ и ДУИ да се вразумат, за миг да заборават на тендерите и личните удопства, и да му помогнат на напатениот македонски земјоделец и сточар кој што во изминативе 5 години го донесоа до питачки стап.