Просечната нето-плата по вработен во земјава во мај 2026 година порасна на 49.544 денари, покажуваат највноите податоци на Државниот завод за статистика.
Во споредба со истиот месец лани, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти, а во однос на април годинава е зголемена за 1,6 проценти.
Според Државниот завод за статистика, годишниот раст на просечната плата најмногу се должи на зголемувањето на заработувачката во повеќе дејности, што придонело за повисокиот просек на исплатените нето-плати.
Најзначително зголемување е забележано кај секторот „Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде платите пораснале за 11,9 отсто.
Следуваат секторите „Уметност, забава и рекреација“ со раст од 11,3 отсто и „Транспорт и складирање“ со зголемување од 10,9 проценти.
Во однос на претходниот месец, најголем раст на просечната нето-плата е регистриран во секторите „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; со раст од 6,3 отсто, „Рударство и вадење камен“ со 5,8 отсто и „Транспорт и складирање“ со 5,7 проценти. Спотред статистичарите, реалната нето-плата во мај 2026 година е повисока за 5,3 отсто во споредба со мај 2025 година, што укажува на раст на куповната моќ на вработените.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата