logo
logo
logo

Работодавачите бараат да плаќаат само 15 дена од боледувањата

Vecer | 28.01.2023

Работодавачите бараат да плаќаат само 15 дена од боледувањата

Наместо 30 боледувањето кое паѓа на товар на работодавачот да се скрати на 15 дена. Ова е барањето на Организацијата на работодавачи за да се намалат злоупотребите од страна на работниците. Лажните боледувања се се почести, а ги има и во приватниот и во јавниот сектор, вели Димитров. Затоа во консултациите со Министерството за труд, околу новиот Закон за работни односи бараат да се внесе и ваквата одредба. Зелено светло за кратење на боледувањето што го плаќаат газдите од министерството за труд има, но крајниот збор треба да го даде Фондот за здравствено осигурување. Во предлог законот за работни односи вметната е одредбата за докажување на боледувањето од страна на Наделжен орган. Но работодавачите бараат да се прецизира – кој ќе биде тој орган? Дали државата или   самите газди? Фондот за здравство нема податоци колку боледувања се издадени лани. Последните бројки се за 2021 та година – кога имало 3.044 боледувања до  30 дена. Но дали и колку од нив биле лажни, нема информации.  Од таму само велат дека 10% од парите на фондот одат  на боледување

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk