logo
logo
logo

Работата од дома ќе стане редовна практика - ЕВЕ КОЛКУ РАБОТНИЦИ НЕ САКААТ ДА ОДАТ НА РАБОТА

Vecer | 26.10.2021

Работата од дома ќе стане редовна практика - ЕВЕ КОЛКУ РАБОТНИЦИ НЕ САКААТ ДА ОДАТ НА РАБОТА

Сигурно многу пати досега сте го сретнале поимот дигитална ера. Овој термин е тесно поврзан со ерата на четвртата индустриска револуција, односно дигиталната економија - во светот позната како D! Conomy. Иако можеби не сме ни свесни за тоа, веќе во голема мера живееме во оваа ера - нашите навики, потреби, но и барањата на општеството се менуваат со неверојатна брзина од ден на ден.

Дигитализацијата, автоматизацијата и големата промена на доминантните технологии суштински го менуваат светот, начинот на водење бизнис, но и секојдневието на луѓето. Хилмар Шнајдер, директор на Истражувачкиот институт за иднината на работата во Бон, истакнува дека зад себе оставаме ера на тешка физичка работа и дека сè повеќе ќе се занимаваме со ментална работа и работа базирана на знаење.

Ова дополнително повлекува големи промени на пазарот и нови форми на социјализација без разлика на генерацијата - од организација на онлајн настава, далечинско работење, дигитализација на услуги и многу други. Во секој од овие сегменти, Интернетот стана незаменлив дел од секојдневниот живот.

До кој степен и на кој начин се промени пазарот на трудот откако навиките и потребите на луѓето станаа различни?

Во 2020 година, целата светска популација за прв пат се соочи со идејата да работи од дома, односно да работи од далечина. Статистиката покажува дека луѓето и компаниите се повеќе го прифаќаат овој тренд. Дури 74 отсто од вработените веруваат дека работата на далечина ќе стане вообичаена практика, а со нив се согласуваат 76 отсто од работодавците. Во 2021 година, идејата за работа од дома сосема природно и ненаметливо се прошири на поимот работа од каде било. Тоа може да биде вашето омилено кафуле или ресторан, место покрај реката или планините!

Оваа пресвртница, која се покажа како предност за многумина, бара само едно - брз интернет секогаш и секаде! Во истото истражување се наведува дека дури 72 отсто од луѓето кои работат надвор од канцеларијата најчесто користат јавна Wi-Fi мрежа – без разлика дали се работи за кафуле, ресторан или објект во близина. Сепак, оваа варијанта носи одредени предизвици.

Интернетот на јавните Wi-Fi мрежи е обично бавен или пренатрупан, а врската е нестабилна. Во исто време, овие мрежи често не се доволно безбедни во однос на заштитата на личните податоци на компјутерот, што е од големо значење како за бизнисот на компанијата, така и за секој поединец кој опционално сурфа. Затоа најбрзите и најбезбедните интернет конекции се најдобри алатки за работа од далечина и предуслов за ефикасен и успешен бизнис.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk