logo
logo
logo

Првиот човек на Халкбанк Турција, Осман Арслан во Халк Осигурување Скопје, за комплетна поддршка на осигурувањето во Северна Македонија

Vecer | 19.04.2021

Првиот човек на Халкбанк Турција, Осман Арслан во Халк Осигурување Скопје, за комплетна поддршка на осигурувањето во Северна Македонија

Главниот извршен директор на Халкбанк Турција, Осмaн Арслан,  најголем поддржувач на економскиот развој на Северна Македонија и регионот, ја посети компанијата во Скопје, со цел давање комплетна поддршка на осигурувањето во Северна Македонија.

Во посетата, чија цел е комплетна поддршка во работата и развојот од страна на „Халк“ групацијата, Главниот извршен директор на Халкбанк Турција, г-дин Осман Арслан беше пречекан од страна на главниот извршен директор на Халк Осигурување АД Скопје, г-дин Суат Инан.

На состанокот се зборуваше за развојот и новитетите во осигурувањето, како и продлабочувањето и креирањето на новите услуги за физички и правни лица, а воедно беа испратени и честитки за успешниот развој на компанијата која во период од две години обезбеди раст од 52 % и 57 % за 2019 односно 2020 година.

Но, главната цел на посетата на генералниот директор, г-дин Осман Арслан на Северна Македонија е поддршката на Сити Плаза Холдинг од 105 милиони евра, целосно нов изглед на Рамстор 2021-2025 година и изградба на хидроцентрала во Кочани. „Благодарение на поддршката на Халкбанк ќе се вработат уште 700 луѓе, додека досегашните 1000 вработени ќе бидат задржани, тоа е додадена вредност во економијата“, изјави г-дин Осман Арслан. Комплетната инвестиција и развој ќе бидат осигурени во Халк Осигурување АД Скопје, како компанија која овозможува ликвидност за комплетна поддршка на проектот.

„Нè радува тоа што продолжуваме да растеме на Балканот и секоја година додаваме нови успеси во нашите достигнувања. Нашите банки во Северна Македонија и во Србија значително напредуваат. На крајот од 2020 година, како Халкбанк АД Скопје ги зголемивме активата и кредитите по 16 % а депозитите за 22 %, со што истите следователно достигнаа на 1,1 милијарда евра, 718 милиони евра и 690 милиони евра”.

Посочувајќи дека Халкбанк АД Скопје ја слави десет годишнината од работењето во Северна Македонија, г-дин Арслан истакна дека „со знаењето и искуството што го имаме, и во иднина ќе продолжиме да ги поддржуваме Халк Осигурување АД Скопје и Халкбанк АД Скопје, како и стабилноста на осигурителниот и финансискиот сектор на Северна Македонија. Со превземањето и ребрендирањето на Халк Осигурување АД Скопје во 2018 година и тогашниот капацитет на полисирана премија од 5,6 милиони евра, во период од две години со континуиран раст од 137 %, полисираната премија ја зголемивме на 13.3 милиони евра. Целта ни е во 2021 година, со одлучни чекори, да го трасираме патот кон компанија која цврсто го освојува финансискиот пазар со широка палета на перманентни, стабилни финански производи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk