logo
logo
logo

Промовирана нова германска инвестиција во Битола

Vecer | 04.05.2022

Промовирана нова германска инвестиција во Битола

Градоначалникот Тони Коњановски ја посети новооформената фабрика Брејнчајлд Продукција во битолската Индустриската зона, лоцирана кај старата фабрика на Битолатекс. Од Општина Битола информираа дека Брејнчајлд Продукција е основана од страна на германски инвеститори, чија цел е да постават еколошко производство, базирано на рециклирани и одржливи материјали, или материјали кои не се штетни за животната околина, со што се намалуваат емисиите на јаглерод. Брејнчајлд Продукција ќе користат обновливи извори на енергија, а главен фокус во производството се реквизити за спортови на вода но и други додатоци и аксесоари со водечки стандарди во однос на технологијата, квалитетот и ефикасноста. Се очекува фабриката да започне официјално со производство кон крајот на оваа календарска година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk