logo
logo
logo

Прометот во индустријата зголемен во март

Vecer | 13.05.2022

Прометот во индустријата зголемен во март

Прометот во индустријата во март бил зголемен за 17,5 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат статистичките податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Пораст е забележан кај интермедијарни производи, освен енергија за 39,5 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 21,4 проценти, нетрајни производи за широка потрошувачка за 12 проценти и капитални производи за 3,8 проценти. Прометот на индустријата е зголемен и во споредба со февруари за 12,3 проценти, како и во периодот јануари-март годинава во споредба со истиот период лани за 16,8 проценти. На домашниот пазар, прометот во индустријата во март во однос на март лани е зголемен за 19,6 проценти, а во споредба со февруари годинава за 29,9 проценти. На странските пазари, зголемувањето е 16,2 проценти во споредба со март лани и за 8,2 проценти во однос на февруари годинава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk