logo
logo
logo

„Прекинот на руски гас би ги чинел ОКОЛУ 56.000 РАБОТНИ МЕСТА“

Vecer | 23.06.2022

„Прекинот на руски гас би ги чинел ОКОЛУ 56.000 РАБОТНИ МЕСТА“

Само прекинот на испораките на руски гас во австриската покраина Горна Австрија ќе укине меѓу 31.000 и 56.000 работни места и ќе го намали БДП за 3,4 до 6,6 отсто.

До тој заклучок дошол економистот Фридрих Шнајдер, кој ја направил анализата по налог на покраината.

Тој оценил дека прекинот на испораката на руски гас во Австрија ќе доведе до намалување на БДП за шест отсто и губење на околу 130.000 работни места.

„Ова беше најтешката студија во последните четири децении“, рече Шнајдер, додавајќи дека има многу непознати работи.

Тој објасни дека направил една оптимистичка и една песимистичка проценка за следните 12 месеци.

Шнајдер рече дека е тешко да се процени кое сценарио е поизвесно.

Според него, не е важно дали се работи за ембарго за увоз на руски гас или за прекин на испораките од Русија.

Песимистичката опција се базира на тоа што најмногу една десетина од неиспорачаните количини се заменуваат од резервите, а гасот не може да се набавува од други извори, како и тоа што домаќинствата не штедат.

Според таа проценка, горноавстриската индустрија, стопанството и домаќинствата би имале на располагање 58 отсто помалку гас, а последиците за Горна Австрија би биле намалување на БДП за 6,5 отсто и губење на 56.000 работни места.

Во пооптимистичката варијанта, според која околу 30 отсто од гасот што недостасува би се покрил од резерви или со купување, со заштеда на домаќинствата, би недостасувале „само“ 23 отсто од потребните количини гас.

Тоа ќе донесе намалување на БДП за 3,41 отсто на Горна Австрија и губење на 31.620 работни места.

Шнајдер се изјасни против ембаргото на рускиот гас, велејќи дека тоа нема да има мал ефект врз воената каса на Русија и само ќе доведе до зголемување на цените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk