logo
logo
logo

Поранешниот хармоникаш на Три Бенд стана директор на РЕК Битола

Vecer | 24.11.2021

Поранешниот хармоникаш на Три Бенд стана директор на РЕК Битола

Пеце Матевски, хармоникаш и досегашен директор на Термоелектрана е назначен за в.д. директор на РЕК Битола, откако беше разрешен досегашниот директор Златко Ќурчиевски. Според ЕСМ, ќе следат и други кадровски промени во комбинатите, за да се подобри производството. Инаку, Матевски е познат во јавноста како хармоникаш, кој своевремено настапуваше со групата Бон – Тон, а пак пред неколку години беше дел од Три Бенд, со кој имаше редовни гостувања во ресторани, но и на свадбени веселби. На неговиот профил на социјалните мрежи се актуелни фотографии и видео снимки од настани на кои гостувал со бендовите, но исто така актуелна е и објавата дека пред четири години магистрирал на тема -Потребни карактеристики и вештини на менаџерите за продажба на брендирани производи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk