logo
logo
logo

ПИЦАТА ЕМ ПОМАЛА, ЕМ ПОСКАПА - Како во Германија ги лажат потрошувачите

Vecer | 29.06.2022

ПИЦАТА ЕМ ПОМАЛА, ЕМ ПОСКАПА - Како во Германија ги лажат потрошувачите

Застапникот на потрошувачите во Германија посочува на „скриени зголемувања на цените“, бидејќи се повеќе производи - за иста цена - содржат сè помалку количина.

Тоа е, инаку, феномен познат како „shrinkflation“. Тоа е стратегија што компаниите ја користат од повеќе причини, главно кога се јавува инфлација.

Во случајот со поевтините прехранбени производи, во германските дисконти се пронајдени неколку случаи на „скриено поскапување“, користејќи токму оваа тактика.

- Во последните недели добивме бројни поплаки – посочуваат од институцијата за заштита на потрошувачите во Хамбург. Како пример, меѓу другото го наведоа и јагнешкиот стек во синџирот Алди, кој се продава за 6,99 евра, но наместо досегашните 400 грама, сега на пакувањето има само 300 грама.

Една пица во Пени поскапе од 2,49 на 2,99 евра, со намалување на тежината од 460 на 410 грама.

„Посебен случај ни пријави една жена која купила во Лидл, за одредени видови тоалетна хартија. Исто толку ролни останале во пакетот, но секој лист го намалиле. Резултатот од анализата е дека околу 3 милиони помалку хартија се продава по ролна“, стои во соопштението.

Армин Валет од Централната канцеларија за заштита на потрошувачите вели дека поради поскапувањето на суровините и на енергенсите, многу производители, особено поевтините производи, ја намалиле содржината за да ја одржат цената пониска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk