logo
logo
logo

ОБЈАВЕНО: Овие компании продаваат ПОМАЛКУ ЗДРАВИ ПРОИЗВОДИ ВО ПОСИРОМАШНИ ЗЕМЈИ

Vecer | 11.11.2024

ОБЈАВЕНО: Овие компании продаваат ПОМАЛКУ ЗДРАВИ ПРОИЗВОДИ ВО ПОСИРОМАШНИ ЗЕМЈИ

Најголемите светски прехранбени компании како PepsiCo, Nestle и Unilever продаваат производи во земји со ниски приходи кои се помалку здрави во споредба со производите што ги продаваат во побогатите земји.

Имено, ова се наведува во објавениот извештај на непрофитната организација Access to Nutrition Initiative (ATNI).

За анализата, организацијата го користела системот за оценување „Health Star Rating“, кој ги рангира производите на скала од еден до пет во зависност од тоа колку се здрави. Оценката над 3,5 се смета за здрав избор, а петката е највисоката оценка.

Експертите заклучија дека просечната оценка за производите на глобалните прехранбени компании што се продаваат во земјите со ниски приходи е 1,8, додека нивните производи што се продаваат во побогатите земји добија просечна оценка од 2,3.

Јасно е дека она што го продаваат компаниите во најсиромашните земји во светот не се здрави производи, изјави директорот за истражување на АТНИ за Ројтерс.

Индустриски преработената храна игра сè поголема улога во порастот на дебелината ширум светот. Светската здравствена организација проценува дека повеќе од една милијарда луѓе се со прекумерна тежина, а Светска банка проценува дека 70 отсто од дебелите луѓе живеат во земји со низок и среден приход.

Nestle одговори на извештајот со изјава во која вели дека компанијата е посветена на зголемување на продажбата на производи со погуста исхрана, додека портпаролот на PepsiCo одби да ги коментира тврдењата на извештајот, додаде британската агенција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk