-Драго ми е што законот е усвоен на Владата и веќе е испратен во Собранието. Данокот за солидарен придонес не е карактеристика само за нашата држава, туку и за многу други земји, членки на ЕУ и земји од регионот. Законот е донесен низ инклузивен дијалог со стопанските комори и со компании кои оствариле високи профити изминатите години. Уште на почетокот на кризата кажавме дека ова не е време на изобислтво, туку на солидарност, кога секој ќе треба да придонесе за општеството, потенцира Ковачевски.