logo
logo
logo

Од вчера и ТЕЦ Осломеј вклучен во мрежа

Vecer | 04.12.2022

Од вчера и ТЕЦ Осломеј вклучен во мрежа

ТЕЦ Осломеј е вклучен на мрежа вчера во 17:52 часот и произведува електрична енергија во електро-енергетскиот систем. Термоелектраната ќе работи според планот за производство и потребите на конзумот.

- Во ТЕЦ Осломеј во претходниот период се вршеа неопходни дополнителни ремонтни активности, особено на млиновите и каналите за јагленова прашина кои се најизложени на влијанието на користењето јаглен од различни наоѓалишта, (делумно од сопствен ископ, делумно набавен јаглен) - се наведува во соопштението од ЕСМ.

Од таму додаваат дека застојот се искористи за санирање и на други помали дефекти воочени на останатите уреди и постројки во претходниот период кога термоелектраната работеше.

Целта на зафатите беше да имаме сигурна работа на капацитетот во грејната сезона, бидејки станува збор за термоелектрана изградена пред 42год.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk