– Значи, минатонеделниот заеднички настап на компаниите од Западен Балкан на Саемот во Тирана, вчерашната промоција на платформата за дигитализација на процесите за издавање на е-сертификатите за потекло и утрешниот почеток на работа на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, потврдуваат дека големиот проект „Комора на иднината“ веќе се имплементира. Тоа е постигнато со макотрпна и упорна работа на Комората во изминатите 15 години, кога од амбисот успеа да во своите редови денес ги има десетте најголеми, најпрофитабилни и извозно ориентирани компании, како и десетте најуспешни бизнисмени, десетте најдобри коморски кадрови во државата, десет регионални експерти итн. На тој начин во пресрет на 100-годишнината од своето основање, докажува дека е трасиран патот и за наредниот 100-годишен период, наведува Комората во денешното соопштение.Комората е добитник и на наградата „Дигитален шампион за 2021 година“, што на министерската конференција на Светската трговска организација во Женева, ја доделија WTO, ICC и ITC, во конкуренција од повеќе од 100 апликанти. Според компаниите-членки на Комората, придобивките се поголеми од очекувањата и тие бараат Комората да продолжи со дигитализацијата во сите процеси.