logo
logo
logo

Од следниот месец на сметка на пензионерите ќе легнат 2.500 денари повеќе, а до март уште 2.500 денари

Vecer | 09.07.2024

Од следниот месец на сметка на пензионерите ќе легнат 2.500 денари повеќе, а до март уште 2.500 денари

Во мојот ресор, за жал, проблеми колку сакате, но ќе гледам да имам многу проекти, да излегувам со позитивни вести а проблемите да ги решавам и да давам информации кога ќе бидат решени“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на одбележувањето на 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Николоски во однос на состојбата за неговиот ресор истакна дека таа е финансиски катастрофална и додаде:

- Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на месец јули, а да биде поднесе веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините кој што го ветивме кој што в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат за 5,000 денари како што ветивме и почнуваат од следниот месец со 2,500 денари и до март месец уште 2,500 денари така што 5,000 денари во една година како што ветивме.

Николоски заклучи дека граѓаните очекуваат решенија, а во исто време мора да има и нови проекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk