logo
logo
logo

Од полноќ големо поскапување на горивата

Vecer | 07.02.2022

Од полноќ големо поскапување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ се врши поскапување на нафтените деривати. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,537 ден/кг. Од8.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 83,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,537 (денари/килограм)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk