logo
logo
logo

ОД ОТПАД ДО КВАЛИТЕТНА ХРАНА: Рецептот на семејството Фузевски за повкусен компир

Vecer | 09.05.2026

ОД ОТПАД ДО КВАЛИТЕТНА ХРАНА: Рецептот на семејството Фузевски за повкусен компир

„Имаме повкусен компир, откако користиме органски отпад што сами го произведуваме“, раскажува Игор Фузевски од Ресен. Ова семејство само произведува огрански отпад, она што останува од природните материјали не го да фрлаат на депониите туку го претвораат во компост, природно ѓубриво кое е многу поевтино и покавлитетно. Најважно за нив е што нивните деца учестуваат во целиот процес и учат за важноста за зачувување на природната средина.

Од Здружението за заштита на животна средина „Еко Герила Преспа“ објаснуваат дека позитивно е што има интерес земјоделците наместо да го фрлаат отпадот или да го горат се повеќе создаваат природни ѓубрива.

За професорите од земјоделскиот факултет, долгорочното компостирање е еден од најважните фактори на плодноста на почвите. Според докторантот Нечковски од факултетот за земјоделство компостирањето во преспанскиот регион каде доминира интезивното овоштарско производство компостирањето на органскиот отпад има големо значење на долг рок.

Најзначајно е создавњето на биоќумур што искулучтелно стабилен не се разградува брзо и може да се задржи во почавата.

За професорите во Македонија има одлични земјоделци кои се клетката на нашето здравје и произвдство на храна. Тие објаснуваа дека науката и праксата може да имаат одлични решнија и притоа да се зачува животната средина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk