logo
logo
logo

Од денеска етапна исплата на јунските пензии

Vecer | 28.06.2022

Од денеска етапна исплата на јунските пензии

Од денеска почнува етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Како што информира Министерството за труд и социјална политика, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата. Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се врши денеска, а утре за пензиите од 11.001 до 14.000 денари. В четврток ќе се врши исплата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари, а в петок ќе се реализира исплата на пензии над 18.001 денари. Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска, 28 јуни 2022 година. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. -Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје, се наведува во соопштението од МТСП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk